Вероника Кристијансен (родена на 10 јули 1990 г., во Ставангер) е норвешка ракометарка, лев бек на Ѓер Ауди ЕТО и на норвешката репрезентација.
Животопис Вероника е постара сестра на Жанет Кристиансен која е исто така ракометарка и во моментов настапува за Вајперс Кристиансанд.
Кариера Клупска кариера Вероника Кристијансен започнала да игра ракомет во екипата на Мјондален, а потоа продолжила во Реистад. Нејзината следна станица била Вајперс Кристиансанд, со која во сезоната 2009-2010 за првпат настапила во Постлигата, највисоката норвешка женска ракометна лига.www.handball.no: Topscore Postenligaen Kvinner Vipers Kristiansand (Våg HK) Sesongen 2009/2010, пристапено на 20 декември 2014 година Во 2011 година, Кристиансен му се приклучила на норвешкиот второлигаш Гласверкет.www.dt.no: Fikk pangstart i seriedebut, пристапено на 20 декември 2014 година Следната сезона Кристиансен постигнала 203 гола и му помогнала на Гласверкет да избори промоција во првата лига.www.handball.no: Topscore 1. divisjon Kvinner Sesongen 2011/2012, пристапено на 20 декември 2014 година Во сезоната 2013-2014, таа завршила со 140 погодоци заземајќи го второто место на списокот на стрелците во Постлигата.www.handball.no: Topscore Postenligaen kvinner Sesongen 2013/2014, пристапено на 20 декември 2014 година
Во летото 2015 година, таа потпишала договор со данскиот прволигаш Мидтјиланд.fcm-haandbold.dk: FCM henter norsk back-profil , пристапено на 30 март 2015 година Со Мидтјланд, Кристиансен го освоила Купот на Данска 2015 со победа во финалето над Виборг по продолженија со 28-26.FCM vinder kvindernes håndboldpokal i dramatisk finale dr.dk Кристиансен постигнала 7 голови во финалето и била најефикасна во својата екипа.Santander Cup Dame - KAMPRAPPORT Dansk Håndbold Forbund
На 12 февруари 2018, Вероника потпишала за европскиот шампион Ѓер Ауди ЕТО придружувајќи им се на својте сонароднички од репрезентацијата на Норвешка Кари Олвик Гримсбо, Кари Братсет, Нора Морк и Стине Бредал Офтедал.
Репрезентативна кариера Вероника Кристијансен првично ја претставувала Норвешка во младинските репрезентации играјќи 14 натпревари за репрезентацијата на Норвешка под 18 години и 30 натпревари за репрезентацијата под 20 години. Во 2010 година го освоила Светското првенство за играчи под 20 години.www.vg.no: Verdensmestere i junior-VM i håndball, пристапено на 20 декември 2014 година
Во 20 март 2013 година, таа го одиграла својот прв натпревар за сениорската репрезентација на Норвешка. Со Норвешка, учествувала на Светското првенство 2013, каде што постигнала шест гола во седум натпревари.Cumulative Statistics , пристапено на 20 декември 2014 година Во 2014 година, Кристиансен со својата репрезентација го освоила Европското првенство во Унгарија и Хрватска.www.handball.no: Norsk EM-gull, пристапено на 21 декември 2014 година Една година подоцна таа го освои и Светското првенство. На Летните олимписки игри 2016 во Рио де Жанеиро со својата репрезентација го освоила бронзениот медал, но истата година ја освоила Европската титула по вторпат во својата кариера. Во 2017 година го освоила сребрениот медал на Светското првенство во ракомет за жени во Германија.ihf.info: 23rd Women's World Championship 2017 , пристапено на 24 декември 2017
Титули Мидтјиланд Куп на Данска (1) : 2015
Норвешка Светско првенство (1) : 2015, вицешампион 2017 Европско првенство (2) : 2014, 2016 Олимписки игри : 20px|Бронзен медал 2016
Наводи
Надворешни врски
Профил на eurohandball
Категорија:Родени во 1990 година Категорија:Живи луѓе Категорија:Норвешки ракометарки Категорија:Ракометарки на Вајперс Кристиансанд Категорија:Ракометарки на Гласверкет Категорија:Ракометарки на Мидтјиланд