Македонските партизански бригади или Македонски народноослободителни бригади (скратено МНОБ) го започнале својот процес на формирање со оформувањето на Првата македонско-косовска ударна бригада, на 11 ноември 1943 година.д-р Марјан Димитријевски „Македонската војска 1944-1945“, Скопје, ИНИ, 1999 г., стр. 67 Таа во средината на 1944 година била реорганизирана и поделена на де бригади, Прва македонска ударна бригада и Прва косовско-метохиска бригада.

Кон крајот на месец јули 1944 година, во Македонија делувале Прва, Втора, Трета и Четврта македонска ударна бригада, како и одредите: Азотскиот, Поречкиот, Тиквешкиот, Преспанскиот и Плачковичкиот партизански одред, сите под команда на ГШ на НОВ и ПОМ, со околу 3000 борци и старешини.д-р Марјан Димитријевски „Македонската војска 1944-1945“, Скопје, ИНИ, 1999 г., стр. 68

По капитулацијата на Бугарија во септември 1944 година, ФШ на НОВ и ПОМ започнаа со засилено формирање на нови бригади и дивизии. По завршувањето на војната во Македонија, под команда на ГШ на НОВ и ПОМ имало 45.000 борци и старешини. Со воената реорганизација во Македонија биле укинати сите корпуси освен Петнаесеттиот македонски корпус кој се сремал да замине на Сремскиот формнт, а извесен број на бригади биле расформирани или реорганизирани. До почетокот на 1945 година во рамките на Македонската војска во поедини периоди дејствувале вкупно 45 бригади, од кои 31 пешадиска и 14 специјализирани: една коњичка, седум артилериски, една автобригада, четири инженерски, една бригада на КНОЈ и една работничка бригада, како и одделенијата за собирање на историска граѓа, за пиротехника, за врски, за санитет, ветерина, езерски и други единици.д-р Марјан Димитријевски „Македонската војска 1944-1945“, Скопје, ИНИ, 1999 г., стр. 69-70

Список на Македонските партизански бригади Ова е список на Македонските народноослободителни бригади:

МНОБ (Македонска народноослободителна бригада) датум на формирање место на формирање командант политички комесар Прва македонско-косовска ударна бригада 11 ноември 1943 Сливово Петар Брајовиќ Мита Миљковиќ Прва македонска ударна бригада 8 јуни 1944 Локов Вангел Чукаловски, Тихомир Шаревски Никола Тодоровски - Канински, Ѓоре Велковски, Јаким Спировски Прва егејска ударна бригада 18 ноември 1944 Драгош Илија Димовски - Гоче Михаил Пангов Керамитчиев, Динко Делевски Прва косовско-метохиска ударна бригада 24 јуни 1944 Збажди Петар Брајовиќ - Ѓуро, Зуфер Мусиќ Митар Радусиновиќ Втора македонска ударна бригада 20 декември 1943 Фуштани Диме Туриманџовски Наум Наумовски - Борче Трета македонска ударна бригада 26 февруари 1944 Жегљане Тихомир Милошевски, Јордан Цеков - Дане Боро Чушкар Четврта македонска ударна бригада 24 јули 1944 Лисец (Плачковица) Борис Милевски, Никола Пеев - Груев Кирил Михајловски - Груица Четврта македонска албанска бригада 26 август 1944 Караорман Нафи Сулејмани Кемал Аголи Петта македонска ударна бригада 2 август 1944 Зборско Методија Попоски - Мајка Ѓоре Велкоски Шеста македонска ударна бригада 6 септември 1944 Славеј (планина) Драгутин Ѓорѓевиќ - Алија Киро Сотировски - Сатрогов Седма македонска ударна бригада 22 август 1944 Зборско Васко Карангелески Драги Тозија Осма македонска ударна бригада 2 септември 1944 Отиштино Киро Чауле Боро Мокров Деветта македонска ударна бригада 22 август 1944 Шешково Димитар Гулевски - Гулас Ристо Стојановски - Железни Десетта македонска ударна бригада 22 август 1944 Зборско Живојин Росиќ, Димче Костовски Бено Русо - Коки Единаесетта македонска ударна бригада 27 август 1944 Пелинце Јордан Цеков - Дане Перо Ивановски - Тиквар, Единаесетта кавадаречка македонска ударна бригада 3 октомври 1944 околина на Кавадарци Дванаесетта македонска ударна бригада 12 септември 1944 Војница Трајко Стојковски - Бузо Методија Котевски Тринаесетта македонска ударна бригада 17 септември 1944 Митрашинци Тоше Поп Јорданов - Вардарски Слободан Цветковски - Павле Четиринаесетта македонска ударна бригада 17 септември 1944 Митрашинци Боро Поцков Боро Чаушев Петнаесетта македонска ударна бригада 12 септември 1944 Челопеци Ѓоко Сајковиќ Петар Пепељуговски Петнаесетта крушевска македонска ударна бригада 9 септември 1944 Гумења Богоја Јоновски Шеснаесетта македонска ударна бригада 6 октомври 1944 Кучевиште Глигорије Шарановиќ Стево Вукановиќ Седумнаесетта македонска ударна бригада октомври 1944 Жељувино Станојко Спасевски Ванчо Цветковски Осумнаесетта кавадаречка македонска ударна бригада 18 септември 1944 Дабниште Димитар Јанчевски - Бодри Осумнаесетта македонска ударна бригада октомври 1944 Алгуња Деветнаесетта македонска ударна бригада 8 октомври 1944 Лаки Благој Левков Боро Симеонов Дваесетта македонска ударна бригада 18 октомври 1944 Широк Дол Н. Кушев, потполковник Јордан Камберов Дваесет и прва македонска ударна бригада 19 октомври 1944 Широк Дол Боро Поцков Јован Тодоровски Охридско-струшка дополнителна ударна бригада септември 1944 Велмеј Стево Врбица Кичевско-дебарска ударна бригада 6 октомври 1944 Народноослободителна бригада „Гоце Делчев“ октомври 1944 Софија Пецо Трајков, полковник Мире Анастасов Бригада „Јане Сандански“ неоформена Пиринска Македонија Пецо Трајков Дополнителна бригада при ГШ на НОВЈ за Македонија јануари 1945 Дополнителна бригада на XV корпус март 1945 село Војка, Белград Прва македонска артилериска бригада 16 декември 1944 1944 Александар Минчев Борис Петковски Симеонов Артилериска бригада на четириесет и втората дивизија 18 февруари 1945 Скопско кале Георги Сапунџиев Бранко Богдански Втора артилериска бригада на четириесет и осмата дивизија 18 февруари 1945 Скопје Илија Попевски Блаже Стефановски Битолска артилериска бригада 15 ноември 1945 Александар Коневски Блажо Стефановски Скопска артилериска бригада септември 1944 Присад Киро Спасовски Струмичка артилериска бригада „Гоце Делчев“ 8 октомври 1944 Андреја Русјаковски Боро Камберски Кумановска артилериска бригада 1944 Степанце Прва македонска автобригада ноември 1944 Скопје Прва македонска коњичка бригада 29 декември 1944 Скопје Владо Петковски, Димо Пецов Михајло Софејски - Јошко Бригада на Народната одбрана 11 септември 1944 Прилеп Тодор Настевски - Бодо Коле Млекарот Инженерски бригади април 1945 Скопје

Наводи

Категорија:Бригади на НОВМ