Јоханес Гутенберг (; ~1394-1468), бил германски пронаоѓач, печатач, издавач и златар, кој го вовел печатењето во Европа со неговата техниката за печатење со подвижен слог. Неговото дело ја започна печатарската револуција во Европа и се смета за пресвртница на вториот милениум, воведувајќи го модерниот период на човечката историја. Тој одигра клучна улога во развојот на ренесансата, реформацијата, добата на просветителството и научната револуција, како и поставувањето на материјалната основа за модерната економија базирана на знаење и ширењето на учењето кај масите.

Ја усовршил печатарската машина и прв почнал да користи излеани метални букви. Во 1455 година ја отпечатил Библијата и во 1457 година отпечатена била првата книга во боја — „Мајнчкиот псалтир“ во црна и црвена боја. Починал во 1468 година.

Поврзано Гутенбергова Библија

Наводи

Категорија:Германски пронаоѓачи Категорија:Луѓе од Мајнц Категорија:Родени во 1394 година Категорија:Починати во 1468 година Категорија:Личности овековечени во споменикот „Валхала“ Категорија:Родени во 1398 година