thumb|десно|270px|Зградата на библиотеката Музејската збирка - Библиотека Искра, работи во состав на библиотеката "Искра" од Кочани, како посебна организациона единица од 1985 год.

Има мала постојана археолошка и етнолошка поставка која е сместена во средновековната кула во централното градско подрачје. Прибира, обработува, чува и презентира музејски материјал. Организира повремени тематски археолошки и етнолошки изложби и ликовни изложби во кои се ограничува на локални автори.

Главниот акцент при работењето е ставен на: Истражувачки работи и набавка на музејски материјал Обработка и чување на материјалот Презентација и популаризација на музејската дејност Образовно-културно дејствување помеѓу младата популација

Наводи

Категорија:Музејски збирки Категорија:Музеи во Македонија Категорија:Образованието во Кочани Категорија:Култура на Кочани