thumb|250px|Формален француски партер во Виландри во долината на Лоара thumb|right|250px|Партери во Оранжеријата во Версај Формална или француска градина — дотерана градина која следи внимателно осмислен геометриски симетричен план. Во овие градини тревниците и живите огради се држат уредно поткастрени. Дрвата, грмушките, полугрмушките и другите зеленила се внимателно наредени (аранжирани), обликувани и постојано се кастрат.
Наједноставната формална градина е коцкесто искастрена жива ограда долж или околу внимателно поставена цветна леа, како на пример јазолна градина. Најсложените формални градини имаат патеки, статуи, фонтани и леи на различни нивоа.
Европската формална градина води потекло од италијанската ренесансна градина од XVI век како Боболските градини зад Палацо Пити во Фиренца, направени од низа архитекти-дизајнери за големата војвотка Елеонора Толедска. Формалниот партер бил пренесен во Франција, и првите формални градини биле направени во Ане. Формалниот партер бил воведен во употреба од страна на Клод Моле, основачот на династијата одгледувачи-дизајнери која траела длабоко во VIII век.
Елементи на формалната градина:
тераса украсно поткастрување (топијар) статуи жива ограда боске партер шумски театар одрина павилјон пејзажирање градинарско уредување
Формалните градини биле одлика на достоинственичките куќи во Англија од воведувањето на партерот во Вилтонската куќа во 1630-тите, па сѐ додека геометриските дизајни не биле заменети со натуралистички пејзажни градини во 1730-тите. Веројатно најпознат пример за формална градина со чакал, камен, вода, бусен и дрвја со скулптури е Версај, кои се всушност многу различни греадини направени од Андре Ле Нотр. Во раниот VIII век, изданието La théorie et la pratique du jardinage („Теоријата и практиката на градинарството“) (1709) од Дезалије д'Арженвил било преведено на англиски и германски, и бил најважен документ за подоцнежните формални градини ширум Европа.
Формалното гардинарство во француски стил доживеало ренесанса во XX век и денес наоѓаме интересни примери на разни поважни места ширум западниот свет.
Категорија:Градини Категорија:Градинарство Градини