Општина Делогожди — поранешна рурална општина во Западна Македонија, создадена во 1996 година, а престанала да постои согласно Законот за територијална поделба од 2004 година на 12 април 2005 година, кога била припоена со Општина Струга. Локалното и поширокото население не било задоволно од ова припојување. Центар на општината било селото Делогожди.
Населени места Во Општина Делогожди спаѓале следниве села: Богојци, Ливада, Корошишта, Мислодежда, Ново Село, Поум, Џепин, Тоска и Делогожди.
Население Според последниот попис од 2002 година, Општина Делогожди има 7.884 жители, од кои:
националност број Македонци 3 Албанци 7.698 Турци 2 Срби 2 останати 179
Наводи
Поврзано
Општини во Македонија Општина Струга Делогожди
Делогожди Делогожди Делогожди