thumb|300px|Царот Хирохито сликан во Кјото, 1928. Хирохито (јапонски: 裕仁, — ) — цар на Јапонија од 1926 до неговата смрт. Во Јапонија е познат по неговото посмртно име Шоова Тенноо (јапонски: 昭和天皇).

Првиот дел на неговото владеење (1926 — 1945) се случило во времето кога се зајакнувала воената сила на владата. Иако Уставот пропишувал дека само царот смеел да управува со Јапонското царство и неговата војска и воена морнарица, вистинската ситуацијата била поинаква. Тој всушност претставувал само фигура. Политиката на тогашната влада довела до војна со Кина (1937 — 1945) и Втората светска војна. Како последица на тоа, и до денес кај некои жители на азиски држави окупирани од страна од јапонската царска армија, често имаат непријателски однос кон јапонското царско семејство.Ponsonby-Fane, Richard Arthur Brabazon (1959). The Imperial House of Japan. Ponsonby Memorial Society.

По јапонскиот пораз во Втората светска војна, САД преку генералот Даглас Мекартур му дозволила на Хирохито да продолжи со неговото владеење, но без традиционалното тврдење дека бил потомок на „Сончевиот Бог“ поради што биле жртвувани многу животи за текот на војната (камиказе). На Хирохито и Јапонија им се овозможило да се концентрираат на развивање на економијата во кој домен државата стекнала голем напредок.

Во натамошното владеење на Хирохито тој станал активен член во општиот јапонски живот. Извршувал многу служби како поглавар на државата со силна јавна присутност во разни церемонии и сл. Неговата улога понатаму многу придонела во поправање и подобрување на дипломатската слика на Јапонија.

Втора светска војна По завршувањето на Втората светска војна, многумина го сметале Хирохито за лично одговорен за нејзиното започнување, додека други, вклучувајќи ја и американската окупациска администрација, инсистирале на тоа дека царот бил само формален шеф на државата, а целата вистинска власт била во рацете на војската. Многу луѓе во Кина, Тајван, Кореја и Југоисточна Азија гледале во Хирохито „азискиот Хитлер“ и барале тој да биде казнет како воен злосторник.

Сè до самиот почеток на војната, Хирохито дејствувал строго според протоколот, држејќи се настрана од вистинското донесување одлуки. На 4 септември 1941 г., јапонскиот кабинет на министри се состанал за да ги разгледа воените планови подготвени од Императорскиот генералштаб и одлучил:

„Целите“ за кои станувало збор биле јасно дефинирани: немешање во војната во Кина и во плановите за влез на војските во поранешните француски колонии во Индокина, незголемување на американските и британските воени сили во тој регион и укинување на економската блокада на Јапонија.

На 5 септември, премиерот Фумимаро Коное го одобрил нацртот на царскиот указ. Истата вечер се одржала приватна средба со царот на која присуствувале Коное, началникот на штабот на морнарицата, адмирал Осами Нагано, и началникот на штабот на армијата, генерал Хаџиме Сугијама. Хирохито прашал дали е реално да се победат западните сили во директен конфликт; Сугијама одговорил потврдно, на што царот го прекорил:

Царот: Ако на крајот мораме да започнеме воени дејствија, имаме ли шанси за победа? Сугијама: Да, имаме. Царот: За време на Кинескиот инцидент, армијата ми велеше дека ќе постигнеме мир веднаш штом ги нападнеме со три дивизии. Сугијама, вие тогаш бевте министер за војна... Сугијама: Кина е огромна територија со многу патишта за влез и излез, па се соочивме со неочекувани тешкотии... Царот: Не ве ли предупредував за тоа секојпат? Сугијама, зарем ме лажете?

Адмиралот Нагано подоцна раскажувал: „Никогаш не сум го видел царот да упатува прекор со таков тон; лицето му поцрвене и тој речиси викаше“.

Хирохито бил длабоко загрижен поради одлуката воените подготовки да се стават пред дипломатските напори. На следниот состанок, кршејќи го вековниот протокол, тој им поставил директни прашања на воените водачи и инсистирал мировните напори да продолжат до последната можност. Сепак, сите учесници на советувањето биле согласни дека војната е подобра опција од дипломатијата.

Во тој момент, царот ги изненадил сите присутни прекинувајќи го своето традиционално молчење. Тој инсистирал на мировно решение и прочитал песна напишана од неговиот дедо, царот Меиџи, во која се изразувал страв дека „жестоката бура и разбеснетите бранови ќе го нарушат мирот на морето“.

Сепак, и покрај волјата на царот, подготовките за војна продолжиле без промени. Набрзо дошло со смена во кабинетот — Коное поднел оставка, а на негово место дошол генералот Хидеки Тоџо. На 8 декември (7 декември на Хаваите) 1941 г., со ненадеен напад на американската флота во пристаништето Перл Харбор, јапонските сили ги започнале воените дејствија. Истовремено започнала и инвазијата на Југоисточна Азија.

Откако нацијата стапила во војна, Хирохито ги отфрлил своите сомнежи и дејствувал како патриот, силно заинтересиран за воена победа. Во првите шест месеци, сите битки завршувале со победи за Јапонија, но со текот на времето, царот и нацијата почнале да сфаќаат дека ситуацијата станува критична.

Наводи

Категорија:Цареви на Јапонија Категорија:Јапонски зоолози Категорија:Носители на Големиот крст од посебна класа на Орденот за заслуги за СР Германија