Куаси Рајан Сесењон (роден на 18 мај 2000 во Рохамптон) — англиски фудбалер од бенинско потекло, играч од одбраната или од средниот ред на Фулам.
Биографија Сесењон е роден во Рохамптон, Лондон. Има брат близнак Стивен, кој исто така игра за Фулам. Исто така тој е далечен братучед на поранешниот репрезентативец на Бенин, Стефан Сесењон.
Клупска кариера Својата фудбалска кариера Рајан Сесењон ја започнал во академијата на Фулам во 2008 година кога се приклучил на нивниот тим под 9 години.
Своето деби за првиот тим на Фулам го направил на 9 август 2016, во натпреварот од Лига купот против Лејтон Ориент на возраст од само 16 години и 81 ден. Седум дена подоцна, на 16 август, дебитирал во првенствен натпревар во Чемпионшип лигата против Лидс Јунајтед што завршил со резултат 1-1.
Наводи
Надворешни врски Рајан Сесењон на transfermarkt Рајан Сесењон на socerway Рајан Сесењон на espn Рајан Сесењон на whosocered
Категорија:Англиски фудбалери Категорија:Фудбалери на ФК Фулам Категорија:Родени во 2000 година