мини|Хрватски народни носии од Неум|306x306пкс Хрватските народни носии се дел од културното наследство на хрватскиот народ и се со исклучително широк спектар на различни носии. Народните носии и фолклорот се неразделно поврзани со начинот на живот и ги одразуваат социјалните и културните одлики на соодветните географски региони и поднебја каде што живеат Хрватите.
Тие се одлика на уметничките разбирања и одразуваат различни историски влијанија. Хрватските народни носии се разновидни и раскошно изработени. До половината на 19-тиот век, ги носеле претежно жителите на селските подрачја. По начинот на облекувањето се препознавало од кој регион потекнува личноста. Хрватските народни носии можат грубо да се поделат на носии од јадранскиот, панонскиот и динарскиот дел од Хрватска.
Поврзано
Шибеничко пуце (копче) Шибенска капа Хрватска народна носија во Босна и Херцеговина Културно-уметничко друштво LADO од Хрватска Народни носии
Галерија
Надворешни врски
Фотографии