Националниот парк Разна () е национален парк во Латгале (Latgale) регионот на Латвија. Паркот е основан во 2007 година и опфаќа површина од 532 km2. Иницијативата за создавање на националниот парк Разна од веќе постоечкиот парк на природата беше предложена од страна на Универзитетот Даугавпилс.
Националниот парк е создаден за да се заштити езерото Разна, второ по големина езеро во Латвија, заедно со околните области. Поради ова, 14% од површината на националниот парк се состои од водена површина. Вредни екосистеми се природните листопадни шуми, со многу ретки видови на растенија, кои се наоѓаат на неколку од 26-те острови во езерото Ежезерс. Од висока вредност се исто така полуприродните пасишта.
Поврзано
Список на национални паркови во Балктикот
Категорија:МСЗП-Категорија II Категорија:Национални паркови Категорија:Национални паркови во Латвија