Национален парк Берингија () – парк кој се наоѓа на исток на Чукотскиот Автономен Округ (Чукотка), најсевероисточниот регион на Русија. Тој се наоѓа на западната (азиска) страна на Беринговиот Проток.
Преглед До пред 11000 г.п.н.е., територијата на паркот била поврзана со земјен мост, познат како Берингија, до Северна Америка. На источната страна, на Алјаска, се наоѓа Националниот резерват на Беринговиот земјен мост, со кој управува Националниот сервис за паркови на САД. Имало разговори меѓу САД и Русија за спојување на овие два национални парка во „меѓународен пар“, но тоа досега не е формализирано. Most of the sparse population in the area are the indigenous Chukchi people or Yupik peoples. Паркот бил прогласен за национален парк во 2013 година.
Паркот се протега на два реони на Чукотскиот Полуостров: Провиденски Реон на југ и Чукотски Реон на север. Топографски тој е приморска планинска субарткичка тундра. Планините со средна височина, просечна висина од 900 метри, со највисок врв Исходнаја со 1194 метра. Исто така паркот има широки рамнини тундра. Климата во областа е субарктичка. Зимите се долги и многу студени, летата се ладни и кратки. Јануари е најстудениот месеци со средна температура во Анадир од −22,6 °C и средна температура од +11,6 °C во јули. мини|лево|250px|Чукотско Море, меѓу Чукотскиот Полуостров и Алјаска
Наводи
Надворешни врски Map of Indigenous Peoples of the North of the Russian Federation Shared Beringian Heritage Program (US National Park Service)
Категорија:Национални паркови во Русија