Клеман Тирпен (); (, ) — француски фудбалски судија. На списокот на меѓународни судии на ФИФА е од 2010 година, а на списокот на елитната група судии на УЕФА од 2012 година.
Кариера Тирпен стана судија на ФИФА во 2010 година.FIFA. "France: Referees" . Посетено на 24 May 2013. Бил судија во квалификациите за Светското првенство во фудбал 2014 – УЕФАFIFA. "Match Report - Moldova - Ukraine 0:0" . 12 October 2012. Посетено на 24 May 2013. и квалификациите за Светското првенство во фудбал 2018 – УЕФА, како и на Европското првенство во фудбал 2016 во Франција.
Во клупските натпревари на УЕФА почнал да суди од Лига Европа 2010/11.
Во мај 2016 година, Тирпен бил прогласен за најдобар француски судија од Фудбалската федерација на Франција.
Бил судија на Светското првенство во фудбал за играчи помлади од 17 години 2017 во Индија.
На 29 март 2018 година, ФИФА објавила дека тој ќе води некои натпревари на Светското првенство во фудбал 2018 со Сирил Гренгор и Никола Дано како негови помошници.
Наводи
Категорија:Живи луѓе Категорија:Француски фудбалски судии Категорија:Фудбалски судии на Светското првенство во фудбал 2018