Олга Мурџева-Шкариќ (моминско: Кирилова; во ) — македонски психолог и универзитетски професор.
Животопис
Олга Кирилова Мурџева-Шкариќ дипломирала на Филозофскиот факултет во Белград (1967). Магистрирала на Универзитетот во Париз (1973), а докторирарала на Филозофскиот факултет во Скопје (1983). Работела како клинички психолог (1969-1972), а од 1973 година е вработена на Филозофскиот факултет во Скопје. Таа била основоположник на Институтот за психологија (1974), на Балканскиот центар за проучување на мирот (1993), на Студиите за мир и развој при Филозофскиот факултет во Скопје (1997), како и на научните дисциплини развојна психологија, психологија на родот и трансформирање на конфликтите. Раководела низа проекти на меѓународните организации УНЕСКО, УНИЦЕФ, УНДП, ТЕМПУС, ОМЕП и ИПРА. Таа била меѓународен стручњак во областа на развојот на рамноправните односи меѓу половите и развојот на културата на мирот и ненасилството. Објавила повеќе трудови, учебници и прирачници.
Наводи
Надворешни врски Олга Мурџева-Шкариќ на службената страница на Филозофски факултет - Скопје ()
Категорија:Луѓе од Кавадарци Категорија:Македонски универзитетски професори Категорија:Македонски психолози Категорија:Македонски учебникари Категорија:Југословенски универзитетски професори Категорија:Југословенски психолози Категорија:Апсолвенти на Белградскиот универзитет Категорија:Магистри на Парискиот универзитет Категорија:Доктори на Филозофскиот факултет - Скопје Категорија:Професори на Филозофскиот факултет - Скопје