Мино Богданов – Ларго ( во — ) — македонски комунистички деец, воен раководител во НОАВМ.

Бил член на КПЈ (1932), на Месниот комитет на КПЈ во Велес и на Месниот комитет на КПЈ во Скопје. Пред Втората светска војна двапати бил апсен и осудуван според Законот за заштита на државата, а подоцна интерниран во логорот во Билеќа.

Во времето на НОАВМ бил еден од организаторите на НОД во Велешко, политички комесар на Кичевско-мавровскиот партизански одред, политички комесар на Првата оперативна зона на НОВ и ПОМ (1943), интендант на Главниот штаб на НОВ и ПОМ и делегат на Првото заседание на АСНОМ.

По Ослободувањето бил републички пратеник во Народното собрание. По Резолуцијата на Информбирото бил уапсен и спроведен на Голи Оток.Македонска енциклопедија, МАНУ, Скопје, 2009, стр. 173

Наводи

Категорија:Македонски комунисти Категорија:Македонски партизани Категорија:Делегати на Првото заседание на АСНОМ Категорија:Репресирани поради Резолуцијата на Информбирото Категорија:Политичари од Велес Категорија:Учесници во НОБ Категорија:Затвореници на Голи Оток Категорија:Делегати на Второто заседание на АСНОМ Категорија:Македонски затвореници и притвореници Категорија:Југословенски затвореници и притвореници Категорија:Затвореници и притвореници во Југославија Категорија:Велешани репресирани од југословенскиот режим