right|thumb|Човек во медитативна положба. Терминот медитација се однесува на широк спектар на практики (како и терминот спорт) кој вклучува техники со цел да се промовира релаксација, да се изгради внатрешна енергија или сила на животот и да се развијат сочувството,University of Wisconsin-Madison (2008, March 27). Compassion Meditation Changes The Brain. ScienceDaily. Retrieved November 1, 2012, from http://www.sciencedaily.com/releases/2008/03/080326204236.htm љубовта, трпението, великодушноста и простувањето.
Зборот медитација има различни значења во различни контексти. Медитацијата се практикува уште од античко време како дел од голем број верски традиции и верувања. Медитацијата често вклучува внатрешен напор за само-регулирање на умот на некој начин. Медитацијата често се користи за расчистување на умот и олеснување за многу здравствени проблеми, како што се високиот крвен притисок, депресијата и анксиозноста. Таа може да се направи седејќи, или на активен начин.
Медитацијата може да вклучува генерирање на емоционална состојба со цел анализирање на таа состојба - како лутина, омраза, итн. Mедитација, исто така, може да вклучува повторување на мантра и затворање на очите. Mантрата е избрана врз основа на нејзината соодветност на медитаторот. Медитацијата има смирувачки ефект и ја насочува свеста навнатре сè додека не се постигне чиста свест, опишана како "да се биде буден во внатрешноста, без да се биде свесен за ништо освен самата свест". Накратко, постојат десетици специфични стилови на медитација, и многу различни типови на активности кои честопати се нарекуваат медитативна практика.For descriptions of some of the more prominent approaches, both eastern and western, see Goleman's (1988) Meditative Mind, ISBN 0-87477-833-6 and Shear's (2006) Experience of Meditation, ISBN 978-1-55778-857-3, both listed in this article's bibliography.
Наводи
Надворешни врски Абецеда на медитацијата
Категорија:Психологија Категорија:Себство Категорија:Личен развој Категорија:Јога