Покожицата или епидерм — најгорниот дел на кожата која е составена од горните пластови на изумрени рожести клетки и подолните пластови на живи клетки. Изумрените рожести клетки се налепени едни врз други и помеѓу нив се наоѓа лојна материја од лачењето на лојните жлезди. Затоа изумрените пластови на покожичката не дозволуваат навлегување на штетни материи, бактерии и вода или исушување на телото.
Слоеви Епидермот се состои од 4 до 5 слоеви, во зависност регионот на кожата. Овие слоеви од површината кон внатрешноста се: орожнет слој (stratum corneum) светол слој (stratum lucidum, само на дланките и стапалата) грануларен слој (stratum granulosum) спинозен слој (stratum spinosum) базален/герминален слој (stratum basale/germinativum).
Наводи
Категорија:Кожа