Врховизам е политички правец во македонското националнослободително движење, којшто го поврзува решавањето на Македонското прашање како дел од поголемото Бугарско националистичко прашање. Називите врховизам и врховисти се дојдени од Врховниот комитет, поточно за приврзаниците на Иван Цончев Христо Силянов, "Освободителнитѣ борби на Македония", том II Следъ Илинденското възстание, Издателство на Илинденската организация, София, 1943. , а подоцна терминот Врховизам и врховисти се употребувал за сите кои биле приврзаници на официјалната бугарска политика во однос на Македонија и македонското прашање. За разлика од (внатрешните), врховистите сметале дека Македонија и Одринско ќе бидат ослободени не со општо востание, туку со помош од страна на Бугарија и нејзината војска. Според општо прифатеното гледиште во Република Македонија за врховистите, се сметаат оние кој ја спроведуваале свесно или несвесно политиката на бугарската монархија и држава кон Македонија.
Во август 1903 година со дозвола на Задграничното претставништво на територијата на Серскиот револуционерен округ почнале да навлегуваат врховистички чети. Бројот на овие чети изнесувал околу 500 - 600 души на чело со Иван Цончев, Атанас Јанков како и врховистичките војводи Јурдан Стојанов и Љубомир Стоенчев.
Овие чети требало да и помогнат на ТМОРО во текот на Илинденското востание и Цончев за да навлезе во Македонија ги прифатил условите на Македонската револуционерна организација но тој не можел да се ослободи од своите разбирања:
Затоа во Серско, Јане Сандански при средбата со врховистите истакнал:
Револуционерен лист во јуни 1905 година истакнува:
Врховистите отсекогаш биле луѓе на бугарската влада и Фердинанд, тие не се бореле за самостојна и независна Македонија, туку за бугарска Македонија. Затоа, Петар Поп Арсов истакнал: Ние имаме голема одговорност пред историјата, оти не бевме решителни... за една решитела борба против врховизмот, ами се маткавме во една магловитост, без една прецизна и строго определена принципиелна тактика во однос на нашите национални интереси... па (б.) се дојде до оваа катастрофа (поделбата на Македонија б.н) Димитар Димески, Кашина..., 142. Поврзано
Цончевисти Сарафисти
Извори
Категорија:Бугарска пропаганда во Македонија Категорија:Врховен македонско-одрински комитет