Андреас "Анди" Херцог (роден на 10 септември 1968 во Виена) — австриски фудбалски тренер и поранешен фудбалер, играч од средниот ред.
Во моментов тој е селектор на израелската репрезентација.
Клупска кариера Роден во Виена, Херцог ја започнал својата кариера во еден од австриските фудбалски гиганти Рапид Виена. Во сезоната 1987–1988 тој бил позајмен на градскиот соперник Ферст Виена, каде постигнал гол во секој од неговите први три натпревари за клубот. Откако овој потег се покажал како успешен тој наскоро бил повикан назад во Рапид за почетокот на сезоната 1988-1989. Во следните четири сезони тој успеал да изгради свое име во клубот како важен играч, па дури и капитен со одиграни речиси 150 натпревари и преку 30 голови до сезоната 1991-1992.
Во летото 1992, Херцог се преселил во германскиот Вердер Бремен со кој веќе во првата сезона ја освоил Бундеслигата, а една година подоцна во сезоната 1993-1994 и Купот на Германија. По три одиграни сезони во Вердер, откако Херцог ја докажал својата класа и во германската Бундеслига во летото 1995 заедно со својот тренер Ото Рехагел се преселиле во Бајерн Минхен. Во својата прва и единствена сезона кај баварците, Херцог го освоил Купот на УЕФА пред да се врати во Вердер за сезоната 1996-1997. Тој одиграл уште 5 и пол сезони во бременскиот клуб, освојуваќи уште еден Куп на Германија во сезоната 1998-1999. Во сезоната 2001-2002 кога бил под закана да го загуби местото во почетната постава на зелено-белите од унгарецот Кристијан Листеш, Херцог одлучил да го напушти клубот во зимската пауза и да се врати во својата родна Австрија.
Во јануари 2002 Херцог се вратил во својот матичен клуб во кој поникнал, Рапид Виена. Во 2004 година, тој потпишал едногодишен договор со клубот од МЛС лигата, Лос Анџелес Галакси. Под водството на тренерот Зиги Шмид, Херцог играл добро до средината на сезоната кога настапила и тренерската промена со што и минутите на Херцог на теренот драстично се намалиле.
На 10 ноември 2004, Херцог го објавил своето повлекување од професионалната фудбалска играчка кариера.
Репрезентативна кариера Своето деби за австриската репрезентација го направил во април 1988 во пријателски натпревар против Грција во Атина. Тој ја претставувал својата репрезентација на две Светски првенства во 1990 и 1998. На Светското првенство 1998, тој исто така успеал да постигне еден погодок во последниот натпревар од групната фаза против Италија во поразот со 2-1.
Во мај 2002 во пријателскиот натпревар против Германија тој го одиграл својот 96-ти натпревар за репрезентацијата со што го надминал Антон Полстер, како играч во австриската репрезентација со најмногу настапи на сите времиња. Со својте 103 настапи и 26 гола тој и денес е играчот со најмногу настапи за австриската репрезентација. Својот последен натпревар за репрезентацијата го одиграл во април 2003 во пријателска средба против Шкотска.
Тренерска кариера Од 30 септември 2005 до 31 декември 2005 бил назначен како привремен тренер на австриската репрезентација, заедно со Вили Рутенштајнер и Славко Ковачиќ. На 1 јануари 2006, тој станал помошник на селекторот Јозеф Хикерсбергер, кој тогаш ја преземал селекторската функција во австриската репрезентација. На 4 март 2008 бил назначен за селектор на австриската репрезентација под 21 година.
На 17 декември 2011 ја напуштил оваа функција, за да стане помошник на Јирген Клинсман на клупата на репрезентацијата на САД. На 23 јанурари 2015, Херцог бил назначен за селектор на олимписката репрезентацијата на САД.http://www.ussoccer.com/stories/2015/01/23/13/21/150123-u23mnt-herzog-named-coach
На 1 август 2018, Херцог ја преземал селекторската функција во израелската репрезентација.
Клупска статистика Статистиката е ажурирана на 18 октомври 2018.
+ Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол 1986-1987 Рапид Виена АБЛ 4 0 КА 0 0 - - - - - - 4 0 1986-јан. 1987 АБЛ 5 0 КА 0 0 КШ 0 0 СА 0 0 5 0 јан. - јун. 1988 Ферст Виена АБЛ 7 3 КА 0 0 - - - - - - 7 3 1988-1989 Рапид Виена АБЛ 34 8 КА 0 0 КШ 2 0 СА 0 0 36 8 1989-1990 АБЛ 27 8 КА 1 0 КУ 6 0 - - - 34 8 1990-1991 АБЛ 30 6 КА 1 0 КУ 2 0 - - - 33 6 1991-1992 АБЛ 33 11 КА 1 0 - - - - - - 34 11 1992-1993 БЛ 33 10 КГ 3 1 КПК 3 0 СУ 2 0 41 11 1993-1994 БЛ 30 6 КГ 4 2 ЛШ 8 0 СГ 1 0 43 8 1994-1995 БЛ 31 10 КГ 1 0 КПК 3 0 СГ 1 0 36 10 1995-1996 БЛ 28 2 КГ 2 0 КУ 7 2 - - - 37 4 1996-1997 БЛ 29 15 КГ 3 0 ИК 4 2 - - - 36 17 1997-1998 БЛ 18 4 КГ 2 0 ИК 4 2 - - - 24 6 1998-1999 БЛ 27 3 КГ 4 0 ИК+КУ 2+3 1+2 - - - 36 6 1999-2000 БЛ 27 6 КГ 5 0 КУ 9 2 - - - 41 8 2000-2001 БЛ 32 2 КГ 1 1 КУ 6 1 - - - 39 4 2001-јан. 2002 БЛ 9 1 КГ 0 0 ИК 2 1 - - - 11 2Вкупно Вердер Бремен 236 57 23 4 44 11 4 0 307 72 јан. - јун. 2002 Рапид Виена АБЛ 12 1 КА 1 0 - - - - - - 13 1 2002-2003 АБЛ 29 3 КА 1 0 - - - - - - 30 3Вкупно Рапид Виена 174 37 5 0 10 0 0 0 189 37 2004 Лос Анџелес Галакси МЛС 27+11 настап во МЛС плејофот. 4 - - - - - - - - - 28 4Вкупно во кариерата 473 103 30 4 61 13 4 0 568 120
Титули Рапид Виена Австриска Бундеслига : 1 1986–1987
Вердер Бремен Бундеслига : 1 1992–1993 Куп на Германија : 2 1993–1994, 1998–1999
Бајерн Минхен Куп на УЕФА : 1 1995–1996
Поединечни Австриски фудбалер на годината : 1 1992
Наводи
Надворешни врски
Андрас Херцог на soccerway Андрас Херцог на transfermarkt Андрас Херцог на espn Андрас Херцог на whoscored
Категорија:Живи луѓе Категорија:Австриски фудбалери Категорија:Фудбалери од Бундеслигата Категорија:Фудбалери на ФК Рапид Виена Категорија:Фудбалери на ФК Вердер Бремен Категорија:Фудбалери на ФК Бајерн Минхен Категорија:Фудбалери на ФК Лос Анџелес Галакси Категорија:Родени во 1968 година