Напад на Теарце, познато и како Напад на полициската станица во Теарце — вооружен напад извршен на 22 јануари 2001, од страна на Ослободителната народна армија (ОНА), врз полициска станица на Македонија во тетовското село Теарце, Република Македонија. Овој напад неофицијално се смета за почеток на воената криза во Македонија. Како резултат на нападот, еден полицаец бил убиен, а тројца други биле повредени.
Позадина И покрај повремените тензии, меѓуетничките односи меѓу Македонското мнозинство и етничкото албанско малцинство во Македонија не се влошиле во иста мера како оние што се забележани во Косово меѓу Албанците и Србите. Од независноста во 1991 година, политичките партии на етничките Албанци формирале дел од владата и парламентот на Република Македонија. Сепак, на почетокот на 2001 година, бунтовничка група на етничките Албанци позната како Ослободителна народна армија почнала со напади на безбедностните сили на Македонија. Нападите првично се случиле во села во близина на Тетово и по должината на западната граница со Косово, а подоцна во близина на Скопје и Куманово.
Напад мини|лево|213x213px|Полицаецот Момир Стојановски кој бил убиен во нападот на Теарце, се смета за прва жртва на Воениот конфликт во Македонија. Нападот се случил на 22 јануари 2001 година, во понеделник во 2:00 часот наутро во селото Теарце, кое е мешано село населено со Македонци и Албанци, а самото село е и седиште на истоимената општина. За време на нападот, тројца или четворица милитанти на ОНА вооружени со кинески ракетен фрлач и два калашникови ja нападнале македонска полициска станица. Се претпоставува дека со ракетниот фрлач било пукано на околу 20-тина метри оддалеченост од полициската станица. Првиот обид бил неуспешен со тоа што испуканиот проектил погодил бандера, на што следувале кратки рафали од автоматско оружје. Веднаш бил испукан уште еден проектил кој завршил во просторијата каде што биле сместени дежурните службеници.
Во нападот, од ракетна граната бил убиен 30-годишниот Момир Стојановски, полициски службеник од Крива Паланка кој дежурел во станицата. Од гранатата ранети биле и останатите тројца службеници кои биле во просторијата за дежурство заедно со Стојановски од кои еден потешко повреден. Од самата детонација биле искршени стаклата на два дуќани, а било оштетено и едно возило Југо кое во моментот на нападот било паркирано пред полициската станица.
Заднина Ден по нападот ОНА објавила соопштение во кое ја преземала одговорноста за настанот, објаснувајќи дека нападот имал предупредувачки карактер и повикувајќи ги полициските службеници да се повлечат од своите работни должности за да не ги загубат животите. Како организатор на нападот се наведувал Семи Хебиби кој со решение на судот бил амнестиран во март 2002 година. По нападот во Теарце, дел од селото било заземено и држено под контрола на ОНА.
Нападот во Теарце резултирал со почеток на воената криза во Македонија. Министерството за внатрешни работи го означил настанот како терористички напад. На 22 октомври, македонските полициски служби повторно влегле во Теарце.
Поврзано Воен конфликт во Македонија, 2001
Наводи
Категорија:Воен конфликт во Македонија, 2001 Категорија:Албански сепаратизам во Македонија