Зеленопругеста тенка стрелка () — вилинско коњче од семејството на стрелките (Coenagrionidae). Живее во Индија, Шри Ланка, Виетнам и Тајланд.
Опис Инсектот и долг и тенок, со црна дамка на сина основа во осмото членче на стомакот. Градниот кош е црнс со странични синозелени сини пруги. Стомачниот предел е крајно истенчен тенок со црно на грбот од првото до седмото членче и светлосино од страните. Осмото членче е сино, со тесна триаголна црна грбна дамка, а деветтото е сино. Десеттото членче е црно на грбот и сино од страните. Женките изгледаат слично на мажјаците, со исклучок на последните три стомачни членчиња. Осмото членче има широка црна дамка на грбот, деветтото има мала дамка во грбната основа, а десеттото е сосема сино.
Живеалиште Зеленопругестата тенка стрелка обично лета блиску до земјата и се среќава во грмушести моклишта. Иако има мошне нежна градба, овој инсект оди на подалечна преселба летајќи високо, потпомогнат од воздушните струи.
Поврзано Водни девици
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Инсекти на Азија Категорија:Стрелки