right|thumb|200px|Даниел Дефо

Даниел Дефо (c.1659 — Според Пол Дугит во "Границите на самоорганизирање " ,Прв понеделник(11 септември 2006): "Повеќето сигурни извори тврдат дека датумот на раѓањето на Дефо е неизвесен и може да биде 1659 или 1661 година. Денот на неговата смрт исто така е неизвесен. "), роден како Даниел Фо — англиски автор, новинар, и памфлетист, кој стекнал трајна слава со својот роман Робинзон Крусо . Дефо е значаен бидејќи е еден од најраните поборници на романот и придонел да се популаризира оваа книжевна форма во Британија, а некои историчари на книжевноста го наведуваат како еден од основачите на англискиот роман.Schwanitz: "Bildung: Alles", Edited by Eichborn, Франкфурт 1999 година. Како плоден писател, тој напишал повеќе од петстотини книги, памфлети, списанија на различни теми (вклучувајќи ја и политиката, криминалот, религијата, бракот, психологијата и натприродното). Тој, исто така, бил и пионер на економското новинарство и прв автор на новинарски репортажи.„Белешка за авторот“, во: Даниел Дефо, Робинзон Крусо. Просветно дело АД, Редакција „Детска радост“, Скопје, 2010, стр. 189.

Животопис Даниел Фо (неговото правилно име), син на месарот Џејмс Фо, најверојатно е роден во парохијата Св. Жил Криплгејт Лондон. (Даниел подоцна го додал аристократското „де“ до неговото презиме и тврдел дека потекнува од семејството на Де Бо Фо.) И датумот и местото на неговото раѓање се несигурни и често се наведуваат датуми од 1659-1661. На почетокот од животот на Даниел, тој од прва рака искусил некои од повеќето невообичаени појави на англиски историја: во 1665 година, 70.000 луѓе настрадале од чума; од Големиот англиски пожар(1666) настрадало Дефоовото соседство, оставајќи ги неизгорени само неговиот и уште два други дома во областа; во 1667 година, кога бил на околу седумгодишна возраст, една холандска флота запловила по реката Темза, напаѓајќи го Лондон, итн.Име = west> Запад, Ричард. Daniel Defoe: Животот и чудни, вознемирувачки авантури. Њујорк: Carroll & Graf Publishers. 1998. ISBN 978-0-7867-0557-3. Кога Дефо имал околу тринаесет години, умрела мајка му.Име = rich> Richetti, John J. Животот на Daniel Defoe. Malden, MA: Blackwell Publishing, 2005. Подоцна, тој се занимавал со трговија и честопати запаѓал во долгови. Во 1684 година се оженил со Мери Туфли, чиј мираз изнесувал 3 700 фунти со која имал осум деца а од нив преживеале шест.

Во 1702 година, поради една своја статија во која ја критикува англиканската црква, Дефо бил затворен во злогласниот лондонски затвор, каде минал 18 месеци, а во текот на три топли јулски дена во 1703 година бил ставен на столбот на срамот, но наместо понижувања, доживеал овации од народот кој му фрлал цвеќиња, а столбот го накитил со венци, додека луѓето по улиците гласно ја читале неговата „Химна на столбот на срамот“ која ја напишал во затворот.B. N., „Beleška o piscu“, во: Danijel Defo, Mol Flanders. Rad, Beograd, 1963, стр. 353-356.

Во периодот од 1690 до 1730 година, Дефо бил еден од најпознатите луѓе во Англија: учесник во востанието против монархијата, авантурист во Шпанија и во Португалија, државен службеник, сопственик на фабрика за цигли, политички осуденик, владин претставник, политички економист, поет, есеист, биограф, социолог, моралист, топограф, писател за околтните појави итн., така што В. П. Трент со право го нарекува „Протеј како во книжевноста така и во практичните работи, кој, набљудуван во светлината на целокупните свои способности и остварувања, изгледа речиси како титански гениј.“B. N., „Beleška o piscu“, во: Danijel Defo, Mol Flanders. Rad, Beograd, 1963, стр. 351-352.

Творештво Дефо бил писател со различни интереси, претставувајќи се како верен сликар на обичаите и приликите на своето време. На пример, во „Есејот за проектите“ (1697) препорачал бројни корисни новини во областа на економијата, трговијата, банкарството и педагогијата, а особено за воспитувањето на девојките. Во овој есеј, одземањето на правото на жените да ги уживаат придобивките од образованието го нарекува „еден од најварварските обичаи“. Во памфлетот „Молбата на сиромавиот“ (1698), кој бил распродаден по лондонските улици во тираж од 80 000 примероци, тој ги споредува законите со пајажина во која се фаќаат ситните мушички, додека крупните лесно се провлекуваат низ неа, посочувајќи на нееднаквоста на богатите и сиромашните пред законите и пред судовите. Во својата сатирична поема „Чистокрвниот Англичанец“ (1701) остро ги напаѓа реакционерните ројалисти, ги исмејува благородничките родослови и го критикува верувањето во „благородниот род“ на старите семејства. Поради статијата „Најкраткиот пат за пресметка со дисидентите“ (1702), во која иронично предлага „во името на неограничниот триумф на државната англиканска црква“ да се распнат на крст „сите разбојници кои мислат поинаку“, Дефо бил затворен и во текот на три топли јулски дена бил ставен на столбот на срамот, но наместо понижувања, доживеал овации од народот кој му фрлал цвеќиња, а столбот го накитил со венци, додека луѓето по улиците гласно ја читале неговата „Химна на столбот на срамот“ (1703) која ја напишал во затворот. Исто така, тој бил соработник и уредник на едни од најстарите англиски периодични списанија и еден од првите англиски новинари, истакнувајќи се со својата критика на јавниот и на политичкиот живот. Така, од 1704 до 1713 година го издавал своето политичко-книжевно списание „Преглед“, кое излегувало трипати неделно и во кое давал коментари за политичкиот, јавниот и културниот живот. Дефо е претходник на големите англиски романсиери од 18 век и се смета за творец на англискиот роман.B. N., „Beleška o piscu“, во: Danijel Defo, Mol Flanders. Rad, Beograd, 1963, стр. 351-354.

По речиси четириесетгодишно творештво, дури во 57. година од животот, Дефо го напишал својот прв роман, „Робинзон Крусо“ (1719). И потоа продолжил неуморно да работи, објавувајќи уште неколку романи. Неговото творештво опфаќа над 250 посебни изданија при што до ден-денес не е точно утврдено што сè напишал овој плоден автор. Најпотполното издание на неговите собрани дела, „Романите и избраните списи на Даниел Дефо“, било објавено во Оксфорд, во текот на 1927-1928 година, во 14 книги. Сепак, светската слава ја стекнал со романот „Робинзон Крусо“ кој ги фрлил во сенка останатите негови дела. Дури и на неговиот надгробен споменик пишува дека тука почива писателот на „Робинзон Крусо“.B. N., „Beleška o piscu“, во: Danijel Defo, Mol Flanders. Rad, Beograd, 1963, стр. 351.

По правило, главните ликови во романите на Дефо се „негативни“ личности: Мол Фландерс е крадачка, капетанот Синглтон е гусар, полковникот Џек е друмски разбојник, а Роксана е куртизана. Со изборот на ваквите ликови, веројатно Дефо сакал да ја привлече публиката, но исто така и поучно да влијае на неа, зашто во неговото време криминалот бил раширен во Англија, а тогашната книжевност ги прикажувала злосторниците како херои. Дефо, пак, сакал да покаже дека пороците и злосторството водат кон пропаст, така што тој е сериозен и морален писател. Така, Чарлс Лем пишува: „Се осмелуваме да кажеме дека нема романи кои го сликаат животот на таквите лица — крадци, блудници, гусари — а злосторството и престапот прикажани во нив да изгледаат помалку примамливи, страдањето побрзо да следи по гревот и каењето да биде поцелосно или покрваво, како што е во Дефоовите романи.“ Вирџинија Вулф, пак, забележува дека Дефо уште на првите страници од своите романи јунаците ги сведува во состојбата на сиромаштија, беда и осаменост, и оттогаш нивниот живот станува постојана борба. Затоа, истакнувајќи ги храброста и истрајноста како најголеми доблести, Дефо проповеда благороден оптимизам, односно вербата дека со труд и со залагање може сè да се постигне.B. N., „Beleška o piscu“, во: Danijel Defo, Mol Flanders. Rad, Beograd, 1963, стр. 354-355.

Поважни дела на Дефо се следниве: B. N., „Beleška o piscu“, во: Danijel Defo, Mol Flanders. Rad, Beograd, 1963, стр. 354. „Семеен инструктор“(1715), успешен прирачник за верските должности „Записници од преговорите на г-н Менаже“'(1717) во која тој го прикажува Никола Менаже, францускиот амбасадор кој преговарал за Договорот од Утрехт (1713) „Писма од турскиот шпион“ (1718), сатира за европската политика и религија, напишана од божемен муслиман во Париз „Робинзон Крусо“ (1719) „Натамошните доживувања на Робинзон Крусо“ (1719) „Сериозните размислувања во текот на животот и необичните доживувања на Робинзон Крусо“ (1720) „Капетанот Синглтон“ (1720) „Спомените на еден кавалерист“ (1720) „Полковникот Џек“ (1722) „Мол Фландерс“ (1722) „Капетанот Синглтон“ „Роксана, среќната милосница“ (1725)

Библиографија Daniel Defoe, A General History of the Pyrates ISBN 0-486-40488-9 (Dover Publications, 1999) (contains the text on Libertatia, a pirate utopia) Daniel Defoe, The Storm ISBN 0-14-143992-0 Penguin Classics, 2005 A tour thro' the Whole Island of Great Britain, 1724–1727 Daniel Defoe, a biography by William Minto for the "English Men of Letters" series. Trust in Freedom: The Story of Newington Green Unitarian Church 1708–1958 by Michael Thorncroft. Privately printed for church trustees, 1958. Chapter titles: The Fertile Soil; The Church is Built; The Early Years (1714-1758); The Age of Richard Price; New Causes for Old; The Ideal of Service; The Lights Go Out; The Present Day.

Надворешни врски Daniel Defoe - биографија

Поврзано English Dissenters Libertatia

Наводи

Дефо Даниел Категорија:Родени во 1660 година Категорија:Починати во 1731 година Категорија:Книжевни теоретичари