Рио де ла Плата (шпански: Río de la Plata), а поретко само Ла Плата, Плата или Река Плата, е устието на слевањето на реките Уругвај и Парана. Устието се влева во Атлантскиот Океан, создавајќи засек на копното кон внатрешноста во форма на инка. Во зависност од географот и литературата, Рио де ла Плата понекогаш се именува како река, устие, залив или рабно море. За оние географи кои ја сметаат Рио де ла Плата за река, истата е најшироката река во светот со максимална ширина од 220 км.

Рио де ла Плата е долга 290 километри, а ширината ѝ изнесува од 2 километри на почетокот, па до 220 километри во устието. Рио де ла Плата всушност е и природната граница помеѓу Аргентина и Уругвај, и на бреговите од едната и другата страна на Рио де ла Плата се наоѓаат двата главни града на државите - Буенос Аирес на Аргентина и Монтевидео на Уругвај. Следствено на тоа, регионот околу Рио де ла Плата е најнаселената област и во Аргентина и во Уругвај.

Географија Рио де ла Плата започнува со сливањето на реките Уругвај и Парава во Пунта Горда и заедно течат источно кон Атлантскиот Океан. Нема јасна физичка граница на источните делови на реките. Меѓународната хидрографска организација ја дефинира источната граница на Рио де ла Плата со „линијата Пунта дел Есте во Уругвај и Кабо Сан Антонио во Аргентина“.

Вкупната површина на Рио де ла Плата е 35.000 км2.

Наводи

Литература

Real, Walter. España en el Río de la Plata: Descubrimiento y Poblamientos (1516–1588). Montevideo: Club Español. 2001. .

Поврзано Река Парана Река Уругвај Буенос Аирес Монтевидео

Надворешни врски

Договор помеѓу Уругвај и Аргентина во однос на морската граница и Рио де ла Плата Парагвај, или Покраинара Рио де ла Плата, со своите региони - карта од 1616.

Категорија:Естуари во Јужна Америка Категорија:Реки во Јужна Америка Категорија:Погранични реки Категорија:Меѓународни реки во Јужна Америка