Сема Хулиса Виљануева () е директор на одделот за судска медицина при канцеларијата на јавното обвинителство во Хондурас.
Образование Хулиса Виљануева е родена во Тегусигалпа на 12 мај 1972. Се решава да студира медицина откако гледа како нејзиниот татко страда од тетанус, па сега е доктор специјалист по патологија. Одбира да специјализира во оваа област поради дефицитот на вешти форензичари во Хондурас.
Кариера Виљануева започнува да работи како форензички патолог во 2002. Избрана е за директор на одделот за судска медицина при Јавното обвинителство во 2013.
Хулиса работи на заштита на децата и жените од насилните злосторства во Хондурас. Во соработка со Шпанија, Виљануева развива програма наречена DNA Prokids. Го охрабри Јавното обвинителство да дава акредитирани обуки на форензичари. Виљануева соработуваше со Стејт Департментот за употреба на ДНК при идентификување на телата на мигрантите. Воведе компјутерска база на податоци за складирање информации во мртовечница. Виљануева ги создаде првите хуманитарни гробишта во Хондурас по примерот на воените гробишта во Арлингтон, Вирџинија, каде неподигнати или неиндетификувани трупови се откопуваат и се користат како доказ во клиничките судења. Таа разви Национален регистар за идентификација на луѓе за полесно справување со нерешените убиства низ државата. Хулиса исто така ги претстави коморите Gesell, кои на жртвите на сексуално вознемирување и злоставување им овозможува да сведочат на суд без да им се открие идентитетот.
Во 2018 ја добива меѓународната награда Жени на храброста од Стејт Департментот на САД. Хулиса Виљануева беше одликувана со оваа награда од страна на Меланија Трамп.
Наводи
Категорија:Родени во 1972 година Категорија:Живи луѓе Категорија:Патолози Категорија:Хондурски форензички научници Категорија:Луѓе од Тегусигалпа