Сузан Ц. Албертс () — американски приматолог, антрополог и биолог и актуелен претседател на Одделот за антропологија при Универзитетот Дјук; претходно работи како Роберт Ф. Дурден професор по биологија и е Бас стипендист. Моментално заедно со Жан Алтман од Универзитетот Принстон го води Проектот за истражување на бабуните во Амбосели. Нејзиното истражување во голема мера ја проучува еволуцијата на животинското однесување кај цицачите, со особен фокус на социјалното однесување, демографијата и гените на жолтите бабуни, иако некои од нејзините истражувања ги вклучуваат и африканските слонови. Избрана е за член на Националната академија за науки во 2014 и ја освојува наградата Козарели во 2017.

Образование Албертс дипломира по биологија при Колеџот Рид во 1983, а станува магистер по биологија во 1987 година на Универзитетот Калифорнија, Лос Анџелес. Се здобива со докторат по екологија и еволуција на Универзитетот Чикаго во 1992 за работата со нејзиниот ментор, Жан Алтман. Нејзината дисертација ги истражува созревањето и движењето на бабуните мажјаци.

Истражување Истражувањата на Албертс се задржуваат на заемодејството помеѓу средината, генетиката и поведението. Објавува над 100 рецензирани статии во областите како антропологија, генетика, ендокринологија, биологија и приматологија. Истражувањата на почетокот од нејзината кариера во голема мера се фокусирани на однесувањето на бабуните мажјаци преку нивното движење, чување на партнерите за парење, социјалниот ранг во групата, додека подоцна во нејзината истражувачка кариера, таа го проширува своето поле на истражување, па така тоа вклучува животна историја, епигенетика, ендокринологија и системи за парење кај двата пола. Забележително е што нејзините трудови пронаоѓаат врска помеѓу долговечноста и социјалните врски во групата, така што бабуните кои живеат во кохезивни групи имаат корист од опстанокот во средината.

Албертс исто така е уредник на бројни резензирани списанија во различни области, вклучувајќи ги Бихевиорална екологија (списание), Американско списание за приматологија и ПеерЈ. Покрај тоа, Сузан е во жирито на многу списанија и организации за финансирање, вклучувајќи ги Друштвото за проучување на еволуцијата, Американската академија на науките и уметностите, ПНАС и Националната научна фондација.

Награди

Награда Козарели. Национална академија на науки, САД. 2016. Динова награда за извонредност во менторирање. Дјук Универзитет. 2012. Томас Лангфорд, Дјук Универзитет. Дјук Универзитет. 2010. Признание за предавање и награда за служба. Оддел за биологија, Дјук Универзитет. Декември, 2009. Програма за ран кариерен развој. Национална научна фондација. 2001.

Избрани стипендии

2014 - Американска академија на науките и уметностите 2012 - Американска асоцијација за напредок на науката 2008 - Друштво за животинско однесување 2007 - Бас стипендија, Дјук Универзитет 2006-2007 - Факултетска стипендија, Истражувачки институт за социјални науки, Дјук Универзитет 1994-1997 - Јуниор стипендија, Харвардско друштво на стипендисти 1993-1994 - НИХ награда за национална истражувачка служба пост-докторска стипендија, Универзитет Чикаго 1983-1985 - Стипендија за истражување и патување во странство од фондацијата Томас Џ. Вотсон

Библиографија Забелешка од преведувачот: Овие дела се на англиски.

Наводи

Категорија:Дјук Универзитет Категорија:Американски биолози Категорија:Американски приматолози Категорија:Американски научници Категорија:Живи луѓе Категорија:Членови на Националната академија на науките на САД