SH2 (од анг. Sрк Homology 2) доменот е структурно сочуван белковински домен, кој се наоѓа во Src онкобелковината и во многу други внатреклеточни сигнални белковини. SH2 домените им овозможуваат на белковините кои ги содржат овие домени да се прикачат за фосфорилираните тирозински остатоци на други белковини. SH2 домените обично се наоѓаат во адаптер белковините, кои помагаат во преносот на сигналот кај метаболните патишта на рецептор тирозинската киназа.

Вовед Заемодејствата белковина-белковина играат голема улога во клеточниот раст и развој. Модуларните домени, односно подединиците на една белковина, посредуваат во овие белковински интеракции преку идентификување на кратки пептидни низи. Овие пептидни низи ги одредуваат партнерите за врзување на секоја белковина. Еден од најистакнатите домени е доменот SH2. SH2 домените играат витална улога во клеточната комуникација. Должината на овој домен е околу 100 аминокиселини, а го има во состав на 111 човечки белковини. Во однос на структурата, тој содржи два алфа-завојницаа и седум бета нишки. Истражувањата покажале дека има висок афинитет за фосфорилирани тирозински остатоци, а идентификува низа од 3-6 аминокиселини во пептиден мотив.

Врзување и фосфорилација SH2 домените обично се врзуваат за фосфорилиран тирозински остаток (pTyr) во контекст на подолг пептиден мотив во целната белковина. SH2 домените претставуваат најголемата класа на познати домени за препознавање на pTyr.

Фосфорилацијата на тирозинските остатоци во белковината се јавува за време на преносот на сигнал и се изведува со помош на тирозински кинази. На овој начин, фосфорилирањето на супстратот од тирозинските кинази делува како прекинувач (анг. switch) за активирање на врзувањето на белковина која содржи SH2 домен. Многу кратки линеарни мотиви што содржат тирозин, а кои се врзуваат за SH2 домените, се сочувани кај вишите еукариотски организми. Интимната врска меѓу тирозинските кинази и SH2 домените е поддржана од нивната истовремена појава во еукариотската еволуција.

Диверзитет SH2 домените не се присутни во квасците, а се појавуваат на границата помеѓу протозоите и животните, во организми каква што е амебата Dictyostelium discoideum.

Детален биоинформатички преглед на SH2 домените на човекот и глушецот открил 120 SH2 домени, содржани во 115 белковини кодирани од човечкиот геном, што претставува брза еволутивна експанзија на SH2 домените.

Функција Функцијата на SH2 домените е специфично препознавање на фосфорилираната состојба на тирозинските остатоци, на тој начин дозволувајќи им на белковините кои содржат SH2 домени да се локализираат на тирозин-фосфорилираните места. Овој процес е фундаменталниот настан при преносот на сигналот преку мембраната, во текот на кој сигналот од вонклеточната страна на мембраната бива „осетен“ од рецепторот и бива претворен во друга хемиска форма во внатреклеточниот простор, односно во фосфорилиран тирозин. Фосфорилацијата на тирозинот води до активирање на каскада од белковинско-белковински заемодејства, при што белковините кои го содржат SH2 доменот се регрутираат на тирозин-фосфорилираните места. Овој процес иницира серија на настани кои на крајот резултираат со променета генска експресија или други клеточни одговори. SH2 доменот, кој за првпат бил откриен во онкобелковините Src и Fps, е долг околу 100 аминокиселински остатоци. Тој функционира како регулаторен модул на внатреклеточните сигнални каскади, на тој начин што со висок афинитет стапува во интеракција со целните пептиди кои содржат фосфотирозин.

Примери Човечки белковини кои го содржат овој домен се:

ABL1; ABL2 BCAR3; BLK; BLNK; BMX; BTK CHN2; CISH; CRK; CRKL; CSK DAPP1 FER; FES; FGR; FRK; FYN GRAP; GRAP2; GRB10; GRB14; GRB2; GRB7 HCK; HSH2D INPP5D; INPPL1; ITK; JAK2; LCK; LCP2; LYN MATK; NCK1; NCK2 PIK3R1; PIK3R2; PIK3R3; PLCG1; PLCG2; PTK6; PTPN11; PTPN6; RASA1 SH2B1; SH2B2; SH2B3; SH2D1A; SH2D1B; SH2D2A; SH2D3A; SH2D3C; SH2D4A; SH2D4B; SH2D5; SH2D6; SH3BP2; SHB; SHC1; SHC3; SHC4; SHD; SHE SLA; SLA2 SOCS1; SOCS2; SOCS3; SOCS4; SOCS5; SOCS6; SOCS7 SRC; SRMS STAT1; STAT2; STAT3; STAT4; STAT5A; STAT5B; STAT6 SUPT6H; SYK TEC; TENC1; TNS; TNS1; TNS3; TNS4; TXK VAV1; VAV2; VAV3 YES1; ZAP70

Поврзано

Фосфотирозин-врзувачките домени, исто така, врзуваат фосфорилирани тирозини

Наводи

Категорија:Белковински домени Категорија:Белковини