Извичник (се пишува и бележи со !) — интерпункциски знак. Со него се бележи извичната интонација, односно различниот интензитет на покачување на тонот. Тонот го покачуваме при изразени чувствени состојби или реакции, повикување, нагласена заповед, забрана, поттик или желба за вршење некое дејство итн. Извичникот не се употребува како правописен знак.

Употреба Извичник се пишува: на крајот од извичните реченици со кои се изразува чувствена состојба или реакција (возбуда, радост, чудење, воодушевеност, изненадување, предупредување, страв, лутина, гнев, итн.);

на крајот од речениците со кои се искажува заповед или забрана за вршење некое дејство;

на крајот од извични реченици со кои се изразуваат желба или поттик за вршење (или невршење) на некое дејство;

за изразување благослови и клетви;

на крајот или во средина на реченица преземена во директен говор;

во нагласени форми за обраќање или повикување;

по поздрави и зборови со значење на учтивост, љубезност, предупредување, погрдност;

ад извици со кои се искажуваат разни чувства или служат за имитирање на звуци или животински гласови;

Извичник може, но не мора да се напише

Во наслови на уметнички дела и медиумски содржини;

Повеќе од еден извичник (а најмногу три) се употребуваат

за истакнување на значењето на извичната содржина;

Извичник со прашалник се употребува

за зголемување на изразноста на извичната содржина и да се означи чудење. Во зависност од тоа што се истакнува, зачуденоста или прашалноста, тие го менуваат своето место.

Извичник не се употребува

по заповед или молба прекажани во исказна реченица;

Наводи

Категорија:Интерпункција