Вага — кована пара за колекционерски цели издадена од страна на Народната банка на Република Македонија во 2018 година.

Опис Лице На лицето, во средишниот дел на монетата се прикажани четири атласа кои го држат небото и круг со симболите на сите хороскопски знаци. На вметнато кобалтно стакленце е претставена слика на северното небо со ѕвездата Северница во средината, опкружена со соѕвездието Вага. Во долниот дел е претставен цртеж на Сончевиот Систем. Во позадината е прикажан дел од картата на небото. Во долниот дел од лицето на парата е прикажан Грбот на Република Македонија и годината на издавање на монетата - „2018“. Исто така, прикажани се и натписите на македонски јазик: „Република Македонија“ и „100 денари“.

Опачина Во горниот дел од опачината е претставена слика на вага од ѕвездениот атлас „Firmamentum Sobiescianum“, создаден од страна на Јоханес Хевелиј на крајот од 17 век. Сликата на хороскопскиот знак Вага и нејзиното соѕвездие е претставена и на вметнато кобалтно стакленце. Во горниот дел исто така е претставен симболот на хороскопскиот знак Вага. Во долниот дел е претставена златна слика на вага на позадина од цртеж на кој е претставен Сончевиот Систем. На левата страна се прикажани латинското име на хороскопскиот знак – „LIBRA“ и ознаката „Ag925“.

Поврзано Вага (соѕвездие) Вага (хороскопски знак)

Наводи

Надворешни врски Кована пара за колекционерски цели „Вага“ — НБРМ

Категорија:Ковани пари за колекционерски цели на НБРМ