Бутково (, Керкини; до 1923 г. Μπούτκοβο, БутковоΠανδέκτης - Μετονομασίες) — село во Серско, Егејска Македонија, денес во општината Синтика на Серскиот Округ во областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 980 жители (2001).
Географија Селото е сместено во Серското Поле, 51 км северозападно од градот Сер и западно од Валовишта (Демир Хисар), до западниот брег на Бутковското Езеро.
Историја Во Отоманското Царство Во XIX и на почетокот на XX век Бутково било средишно село и пазарен центар со етнички мешано население Серската Каза. Голем дел од машкото население се занимавало со риболов во езерото, а жените со земјоделство. Бутковци било прочуени како мајстори-риболовци, кои го продавале уловот во Валовишта.Йордан Иванов. „Местните имена между Долна Струма и Долна Места“. София, БАН, 1982, стр. 24. Во овој период на историјата на селото се забележуваат усилби на двете најсилни странски пропаганди.
Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Бутково (Boutkovo) имало 90 домаќинства со 110 жители муслимани и 120 жители Македонци.„Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995. стр. 120-121.
Во 1891 г. охридскиот интелектуалец Георги Стрезов напишал:
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. селото броело 655 жители, од кои 220 Македонци христијани, 160 Турци, 225 Черкези и 50 Роми. Според статистиката на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. христијанското население на Бутково се состоело од 520 Македонци под Бугарската егзархија. Во селото има едно основно бугарско училиште со 1 учител и 15 ученици.D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.198-199.
Во 1912 г. селото имало околу 200 куќи, од кои половината македонски, 70 турски, 30 черкески и 10 ромски. Сите живееле во одделни маала.
Во Грција Во 1913 г. Бутково е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор, кога населението броело 1.367 жители, поради што Симовски заклучува дека селото мора да било многу поголемо отколку што го претставувале претходните извори.. Во 1920 г. нивниот број изнесувал 1.816. Во 1924 г. по сила на Лозанскиот договор сето турско и черкеско население е иселено во Турција, а протерани се и 15 Македонци во Бугарија. На нивно место биле доведени 213 грчки доселеници (86 семејства). Во 1928 г. Бутково е заведено како мешана македонско-дојденска населба со вкупно 832 жители, во која мнозиството го имале староседелските Македонци.
Во 1940 г. селото имало 1.086 жители, кои во 1951 г. се накачиле на 1.280. а во 1961 г. — на 1.645 лица. Следниот период бележи пад на населението: 1.312 во 1971, 1.246 во 1981 и 1.214 во 1991 г. Во 2001 г. е забележан пораст на 1.472 жители, но во 2011 г. бројот се спуштил на само 980 лица.
Население
Стопанство Селото има многу плодно земјиште кое се наводнува од Бутковското Езеро и дава високи приноси. Се произведуваат големи количства на памук, пченица, пченка и други култури, а развиено е краварството.
Личности Сократ Маркилов (1921–1993) — деец на ОМО „Илинден - Пирин“
Поврзано Бутковско Езеро Серско Поле
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Бутково