мини|Фреска од 11 век, катедралата Света Софија во Киев ги претставува Јарославовите ќерки, најмладата Ана, Анастазија, Елизабета и Агата

Анастасија Јарославна (; ; р. 1023 -. † 1074/1096), била кралица на Унгарија и жена на Андраш I. Анастасија била најстарата ќерка на големиот кнез на Киевски Рус, Јарослав Мудриот и Ингегерда, ќерка на шведскиот крал Олаф Шеконунг.

Биографија Анастасија 1039 се омажила за тогашниот унгарскиот војвода Андраш I, кој по смртта на неговиот татко, принцот Вазул, заедно со братот Левенте, побарал засолниште во Киевски Рус. Юрасов М. К. Руско-унгарски односи на втората третина XI век. // Мир истории. 2002. № 3

Андраш во 1046 на покана на тогашниот епископ на Унгарија, Герард, го вратил свештенството во Унгарија и ја презел власта од тогашниот крал Петар I Орсеола. Анастасија го следела нејзиниот сопруг и таа побарала од нејзиниот сопруг да ја изгради Лавра во Тихањ за испосници кои требало да дојдат кај неа во Унгарија од Киевски Рус.

Кралската двојка немала наследник син сè до 1053 година, кога се родил нивниот син Шоломон. Овој настан подоцна довел до конфликт помеѓу браќата Андраш и Бела I. Андраш сакал неговиот првороден син да биде наследник на круната, а Бела продолжил по непишано правило уште од племенските заедници дека наследникот на престолот требало да биде помладиот брат на кралот.

Кога во 1060 Бела отворено се побунил против кралот Андраш, тој ги испратил кралицата Анастасија и своите деца во дворот на Адалберт, маркгроф на Австрија. Во овој конфликт, Андраш бил поразен и наскоро умрел, а неговиот брат Бела се крунисал за крал на Унгарија на 6 декември 1060.

Кралицата Анастасија побарала помош од германскиот крал Хенри IV, чија сестра Јудита Марија од Германија била верена на Шоломон. До времето кога германските сили влегле во Унгарија за да му помогнат на Шоломон да ја врати власта, кралот Бела на 11 септември 1063 година починал. Синовите на Бела Геза, Ладислав и Ламперт побегнале во Полска. десно|мини|250x250пкс| Анастасија го проколнува Шоломон, слика од 1855 година. Шоломон бил крунисан на 27 септември 1063 година. На церемонијата на крунисувањето, кралицата Анастасија му го покажала на Ото од Норхајм, баварски војвода, мечот кој наводно, припаѓал на Атила, водачот на хуните. Ото бил воден од страна на германските сили кои дошле да му помогнат на Шоломон.

Во следниот период од 1060 до 1073 година Шоломон владеел со унгарското кралство во соработка со синовите на Бела Геза, Ладислав и Ламперт, кои ја признале неговата власт.

Сепак, таа слога не траела многу долго и во 1074 година браќата се побуниле против кралот Шоломон и на 14 март 1073 година тие го поразиле во Битката кај Моѓород. Шоломон бил потиснат во западниот дел на неговото царство и привремено останал на власт во Мошон (денес во окрузите на Ѓер-Мошон-Шопрон и Пожоњ (денес Братислава ).

Анастасија го следела својот син, меѓутоа, таа наскоро се повлекла од јавниот живот и станала монахиња во опатијата Адмонт, каде што останала до нејзината смрт. Била погребана во истата опатија во Адмонт.

Брак и деца Анастазија стапила во брак со Кралот Андраш I, крал на Унгарија околу 1039.

Аделаида (околу 1040 - 27 јануари 1062 ), сопруга на Војтислав Втори II од Чешка Цар Шоломон (р. 1053 -. † 1.087 . или подоцна) Давид Унгарски (р. По 1053. - † по 1094 ) Наводи

Литература

1996) 1994) 1981) 180-184 1999. С. 350-352

Категорија:Арпади Категорија:Династија Рурикович Категорија:Родени во 1020 година Категорија:Несигурна година на раѓање Категорија:Несигурна година на смрт