Хунзи (наречени и Буруши или Бурушо или Хунзакути) — народ кој живее во Хунза, Северен Пакистан и во Индија. Не постои официјален консензус за нивното етничко потекло, но според недоволно проучени тврдења тие имаат „македонска крв“ и се потомци на Античките Македонци Би-Би-Си „Во чекорите на Алексндар Велики“http://www.youtube.com/watch?v=yJj5FHosjYw&feature=related, па затоа самите и од Македонците се сметани како дел од македонскиот народ.Делегација на Хунзите во Македонија - при посетата на кралот и кралицата на Хунза во Скопје, тие се изјасниле дека Бурушите се Македонци и дека Македонија е нивна татковина. Хунзите се претежно муслимани, но во историјата практикувале шаманизам. Го зборуваат бурушаскиот јазик кој е изолиран јазик, т.е. несроден на ниеден друг јазик. Постојат околу 300 говорници на овој јазик и живеат во Сринагар, Индија.
Хунзите и воопшто регионот Хунза, ја имаат највисоката стапка на писменост во Пакистан. Хунза е голема туристичка атракција во Пакистан, и многу Пакистанци и странски туристи доаѓаат за да го уживаат живописниот пејзаж и за да го посетат овој древен народ. Овој реон е многу современ на секој план и е многу напреден за азиски стандарди.
Исто така, во 2001 година е преведена студијата „Основни бурушаски етимологии, индоевропските и палеобалканските афинитети на бурушаскиот јазик“ од Илија Чашуле, напишана на англиски јазик во 1998 година. Студијата обработува 80 бурушаски зборови со нагласено евро-индиско потекло. 64 збора, односно 80 отсто од приложените во дадената студија, своето етимолошко (фонетско и семантичко) потекло го имаат во античкомакедонскиот јазик, од тоа повеќето од половината наполно идентични и неизменети денеска се во активна употреба на територијата на Македонија.
Поврзано Хунза Гоџал
Надворешни врски
Принцот на Хунзите горд што е во земјата на предците Принцот и принцезата од Хунза од денес во Македонија Музиката на Хунзите Историја на Хунза
Наводи
Категорија:Народи во Пакистан Категорија:Народи во Индија Категорија:Хиндукуш Категорија:Долговечност