Ѓорче Петров, целосно име Георги Петров Николов (2 април 1865, с. Варош, Прилепско - 28 јуни 1921, Софија, Бугарија)Нови откритија за Ѓорче Петров Нова Македонија. Д.Ј.; 04-04-2011"Денес, како точен датум на раѓањето и смртта на Ѓорче Петров се земаат 2 април 1865 година и 28 јуни 1921 година“, заклучува д-р Трајановски." — македонски професор, публицист, историчар, идеолог на Македонската револуционерна организација.
Се школувал во Прилеп, Битола, Солун и во Пловдив. Бил учител во Штип (1886-1887). Како учител во Скопје (1888–1891) соработувал со митрополитот Теодосиј Гологанов и ја поддржувал неговата идеја за возобновување на Охридската архиепископија. Бил професор во Битола (1891–1895) и во Егзархиската гимназија во Солун (1895–1897).
Основал повеќе револуционерни групи и кружоци на МРО (Штип, Битола, Прилеп, Охрид, Крушево, Кичево, Ресен, Леринско и Костурско). Член на Централен комитет на МРО. Учествувал на Солунскиот конгрес (1896) и бил еден од составувачите на Уставот и на Правилникот на ТМОРО. Ја објавил книгата Материјали по изучувањето на Македонија (Софија, 1896).
Бил задграничен претставник на ТМОРО, заедно со Гоце Делчев, во Софија (1897–1901). Учествувал во уредувањето на револуционерниот хектографиран весник На оружје. Во Илинденското востание предводел чета во Прилепско и во Мариовско. По востанието останал во Македонија и работел на обновувањето на организационата мрежа, учествувал на Прилепскиот, Струмичкиот и Рилскиот општ конгрес. На Рилскиот конгрес бил повторно избран за задграничен претставник на Организацијата во Софија.
Го уредувал списанието Културно единство (Солун, 1908–1909). Во времето на Балканските војни и на Првата светска војна бил на служба во Сер, Битола и Драма. Член на Привременото претставништво на бившата ВМРО, противник на врховизмот и на делбите на Македонија на Версајската конференција. Убиен по наредба на Тодор Александров.
Животопис Ран живот и образование лево|мини|Ѓорче Петров како ученик, последниот во првиот ред - десно. Роден во денешното прилепско предградие Варош на 2 април 1865 година од неодамна преселениот, од село Тројаци, Петре Николов и мајка варошанка Злата Тоскова, Ѓорче Петров го завршил основното образование и долните класови на гимназијата во Прилеп и Битола, а трите горни класа во Солун. Во солунската гимназија останал до 1885 година кога поради учество во ученичкиот бунт бил исклучен со група од 12 македонски ученици меѓу кои и еден друг иден револуционер, Пере Тошев.мини|200п|Гимназиското свидетелство на Ѓорче Петров од Пловдив (1885 год.).
Престојувал во Источна Румелија каде собирал финансиски средства за набавка на оружје за идните востанички акции во Македонија. Во 1885 година завршува 6-ти клас во обласната гимназија во Пловдив.
Учителска дејност во Македонија Поради слабото здравје се вратил во татковината како егзархиски учител во Штип, од 1885 до 1887 година. Во 1888 година заминал во Солун како коректор во основаната печатница на Коне Самарџиев.
Значаен период од дејноста на Ѓорче Петров претставува неговото учителствување во скопската прогимназија почнувајќи од 1888 година. За време на престојот во Скопје, Ѓорче се спријателил со митрополитот Теодосиј Гологанов, кој всушност го поттикнал да почне со собирање материјали за географијата и етнографијата на Македонија. Во тој период од неколку години, тој се посветил на опсежни истражувања, објавени во 1896 година во Софија под наслов „Материјали по изучувањето на Македонија“. Тие материјали се од исклучителна важност како појдовна точка за натамошни географски, историски и етнолошки истражувања за Македонија.
лево|мини|Учители и ученици во Машкото IV-класно училиште во Битола во 1891/92 година. Прв ред: Ахил Минџов, Антон Кецкаров, Антон Наследников, Ѓорче Петров, Васил Дудев Втор ред: Леонид Спасов, Евгени Попсимеонов, Илија Тошев, Стефан Тафчиев, Михаил Николов, Васил Кртев, Крсто Јосифчев, Јанаки Москов, Симеон Радев, Кирил Христов Совичанов;Трет ред: Васил Попдимитров, Владимир Робев, Вангел Поптрајков, Аристид Дамјанов, Васил Здравев, Васил Константинов, Наум Иванов, Георги Попхристов, Михаил Солунов, Тодор Златков.
Клучен период за почнување на револуционерното дејствување на Петров претставува неговото учителствување во Битола, каде што бил назначен и за егзархиски училиштен инспектор. Во Битола активно работел против туѓите пропаганди во Македонија за постепено тоа дејствување да прерасне во револуционерно, предводено од македонската учителска интелигенција, меѓу кои и Ѓорче.
Револуционерна дејност
Потоа заминал во Бугарија, време кое се покажува решавачко за создавање на ВМРО. Тој учествувал во испраќањето на ќирџијата Доне со пратки бомби од Штип до Битола.
Во март 1895 година во Солун бил кооптиран за член на ЦК на ВМРО каде на Солунскиот конгрес 1896 година заедно со Гоце Делчев добиле задача да го изготват уставот на организацијата. Подоцна со налог на организацијата занимал како задграничен претставник во Софија каде имал средби со Ризов и Лапчев кои го уверувале дека населението во Македонија не била подготвено само да се бори, да крева востание и дека им била потребна помош од врховниот комитет и од бугарските власти. Единствено тој и Гоце Делчев се спротивставиле за кревање на Илинденското востание поради неговата неподготвеност и избрзаност.
Во 1896 година кога во Македонија пристигнале претставници од македонскиот врховен комитет на чело со Луков и Сарафов тој рекол: „Ги пречекавме како Господ, за да потоа заклучиме дека не заслужуваат никакви почести. Станува збор за сосема друга спротивна политика кои ја воделе отцепените претставници, наречени врховисти.“
Своите погледи ги образложувал во својот весник „Бунтовник“ каде во средиштето на неговата идеологија лежеле паролата „Македонија на Македонците“.
Илинден 1903 лево|мини|Ѓорче Петров, Никола Малешевски и Гоце Делчев, сликани во Софија, март 1903 Во јануари 1903 година Ѓорче Петров учествувал на советувањето во Софија по прашањето за востание, заедно со група најистакната македонски интелектуални водачи, меѓу кои Гоце Делчев и Пере Тошев. На советувањето се водела жестока расправа бидејќи имало спротивставени ставови. Имено, Ѓорче Петров, Гоце Делчев и Пере Тошев биле категорично против востание во тој момент, наспроти ставовите на тофашните задгранични претставници, под влијание од ЦК на Гарванов – Матов и Татарчев.
На советувањето Ѓорче Петров одржал шестчасовен говор образложувајќи го неговото размислување по прашањето за востанието. Тој со голем број аргументи докажал дека востанието би било предвремено, затоа што населението не било доволно подготвено за востание, а исто така укажал и на неповолната меѓународна констелација за македонското прашање. Откако, сепак, била донесена одлука за востание од страна на ЦК, Ѓорче Петров почнал со агитации за отповикување на таа одлука, но на крајот се помирил со состојбата и ја прифатил идејата на Гоце Делчев за водење на т.н. „перманентно востание“.мини|Ѓорче Петров со четата во востаничката 1903 годинаВо текот на Илинденското востание Ѓорче Петров зел учество како водач на чета во прилепскиот крај, каде што учествувал во повеќе битки против османлсиката војска, особено истакнувајќи се како воен стратег во битката кај с. Чаништа, Мариовско, на 20 октомври/2 ноември 1903 г. Во текот на Илинденското востание, тој бил дел и од реонскиот Горски штаб во Прилепско.
Активноста во поилинденскиот период По Илинденското востание, Ѓорче останал на територијата на Македонија со цел средување на состојбите во Организацијата и обиколки во реоните. Во мај 1904 година зел учество на Прилепскиот „подвижен“ окружен конгрес, на кој биле водени дискусии за идното уредување на Организацијата, при што зазел став за идна поголема демократизација и децентрализација. Откако мнозинството ја прифатило таа идеја, Ѓорче се вклучил во преработување и приспособување на стариот Правилник на ТМОРО за новонастанатите услови.
Во поилинденскиот период Ѓорче се активирал преку пишаниот збор, бранејќи ги идеалите за самостојност на ТМОРО преку печатот. Така, во 1905 година ја објавил својата студија под наслов: „Македонското ослободително дело. Цел, средства и задачи“ во списанието „Македонски преглед“. Во октомври 1905 година учествувал на Рилскиот општ конгрес на Организацијата во Рилскиот манастир, како делегат на Битолскиот револуционерен округ. Ѓорче Петров бил еден од предводниците на крилото што се застапувало за промени и воведување децентрализација. На Рилскиот конгрес бил избран повторно како задграничен претставник на ВМРО во Софија.
Во текот на Балканските војни Ѓорче Петров учествувал како доброволец во Македонско-одринското ополчение, по што добил работа во Сер во секторот за култура, а во текот на Првата светска војна извршувал повеќе функции, меѓу кои и кмет на градот Драма во Егејска Македонија.
Атентат Откако престанала активноста на Привременото претставништво, Ѓорче Петров останал да живее во Софија бидејќи од српските власти не му било дозволено да се врати во родниот крај поради неговите револуционерни активности во претходниот период.мини|Од лево на десно, прв Ѓорче Петров, четврт Тодор Александров, шести Андреј Љапчев, седми Симеон Радев, осми Војвода СтаматовПо Париската мировна конференција, Ѓорче Петров како еден искусен револуционер, но и познавач на политиката на големите сили, ја прифатил новонастанатата констелација, сметајќи дека во иднина преку легален политички пат може да се продолжи почнатата борба. Така почнал соработка со владата на Земјоделската партија на Александар Стамболијски и бил назначен за началник на Бирото (Одделението) за бегалците од Македонија и Тракија, односно раководител на Бегалската комисија при Министерството за внатрешни работи на Александар Димитров што било во спротивност со политиката на Тодор Александров. Оттогаш се засилила омразата на Александров кон Ѓорче, особено затоа што се плашел од неговиот авторитет меѓу македонската емиграција во Бугарија. Истовремено Тодор Александров го обвинил Ѓорче Петров дека тој влијаел на бугарската влада во нејзината политика за подобрување на односите со Кралството СХС и прекин на вооружените акции преземени од ВМРО на Тодор Александров. Во писмо упатено од Александров до министерот Димитров во 1920 година Ѓорче е наречен „самонаречен претставник на некогашната ВМОРО“ познат како „велзевул (сатана)“. Чувствувајќи се засенет од авторитетот на Ѓорче меѓу емиграцијата и војводите, Александров на тајни состаноци со своите истомисленици испланирал убиство на Ѓорче Петров, сметајќи дека на тој начин ќе му се ослободат патиштата за полесно наметнување врз македонската емиграција.
Атентатот врз Ѓорче Петров бил извршен на 28 јуни 1921 година, во Софија. Бил потребен подолг временски период да се најде извршител кој би се согласил да убие лик како Ѓорче Петров, па така на крајот бил ангажиран турчинот Реџеп, по потекло од Ресенско, кој бил дел од четите на Тодор Александров и со четири истрели од револвер го ликвидирал Ѓорче Петров. Атентаторот Реџеп не ја познавал жртвата, што понатаму станала редовна практика во многубројните меѓусебни ликвидации меѓу македонските емигрантски организации. На крајот, Реџеп бил ликвидиран по наредба на Александров, бидејќи покажал каење за убиството.
Веста за убиството на Ѓорче Петров била жестоко осудена од македонската емиграција и јавноста во Бугарија и, што е најиронично, моралните организатори на атентатот го организирале погребот, злоупотребувајќи го името и авторитетот на Ѓорче за придобивање на македонската емиграција. Меѓу присутните на погребот бил и Иван Михајлов, подоцнежниот наследник на Тодор Александров. На таков начин завршил животот на еден од идеолозите на македонското револуционерно дело, Ѓорче Петров.
Мисли десно|мини|300п|Споменикот на Ѓорче Петров во истоимената скопска населба. За природните убавини со кои е надарена Македонија:
За српските и бугарските тврдења во однос на народноста на Македонците:
Галерија
Наводи
Надворешни врски
Национално-револуционерно движење