thumb|десно|Едвин (Баз) Олдрин на Месечината Аполо 11 — првата вселенска мисија што испратила луѓе на Месечината. Тоа го сторила НАСА, американската вселенска агенција. Стигнале во вселената на 16 јули 1969 година, носејќи тројца космонаути: Нил Армстронг (командантот), Баз Олдрин (пилотот на месечевиот модул) и Мајкл Колинс (пилотот на командниот модул). На 20 јули 1969 година, Армстронг и Олдрин станале првите луѓе што слетале на Месечината, додека Колинс останал во орбитата околу Месечината.

Летот бил дел од Вселенската трка во Студената војна против Советскиот Сојуз. Го завршил планот поставен од Џон Ф. Кенеди во 1961 година да „слета човек на Месечината и да го врати безбедно на Земјата“, пред да завршеле 1960-тите.

Состав

Главен екипаж ПоложбаАстронаутКомандантНил Армстронг Втор и последен вселенски летПилот на командниот модулМајкл Колинс Втор и последен вселенски летПилот на месечевиот модулБаз Олдрин Втор и последен вселенски лет Секој член на екипажот на Аполо 11 веќе завршил еден лет во вселената пред оваа мисија, што е само втор екипаж составен исклучиво од ветерани во историјата на вселенско истражување (првата била мисијата Аполо 10).

Колинс првично требало да биде пилот на командниот модул (CMP) на Аполо 8, но бил отпуштен кога морал да се подложи на операција на грбот и бил заменет со Џим Ловел, неговата резерва за тој лет. Откако Колинс добил лекарска дозвола, тој ја презедол позицијата на Ловел на Аполо 11; како ветеран на Аполо 8, Ловел бил префрлен во резервниот екипаж на Аполо 11, но бил унапреден во резервен командант.

Резервен екипаж Положба Астронаут Командант Џим Ловел Пилот на командниот модул Бил Андерс Пилот на месечевиот модул Фред Хејз На почетокот на 1969 година, Бил Андерс прифатил работа во Националниот вселенски совет (National Space Council) од август 1969 година и објавил дека се повлекува од вселенскиот лет. Потоа, Кен Матингли бил префрлен од екипажот за поддршка (support crew) на паралелна обука со Андерс како резервен пилот на командниот модул во случај мисијата Аполо 11 да била одложена по планираното лансирање во јули (кога Андерс повеќе нема да бил достапен), а подоцна ќе се приклучи на екипажот на Џим Ловел и конечно доделен на Аполо 13 како CMP.Donald K. Slayton, "Deke!" (New York: Forge, 1994), 237.

Помошен екипаж

Чарлс Дјук, комуникатор на капсули — Capsule Communicator (CAPCOM) Роналд Еванс, CAPCOM Овен Гариот, CAPCOM Дон Л. Линд, CAPCOM Кен Матингли, CAPCOM Брус Мекендлес, CAPCOM Харисон Шмит, CAPCOM Вилијам Поуг Џек Свигерт

Директори на летот

Клиф Чарлсворт (Зелен тим) — лансирање и ЕВА (EVA) Џин Кранц (Бел тим) — месечево слетување Глин Лани (Црн тим) — полетување од Месечината

Номенклатура Месечевиот модул се нарекува Орел, во чест на симболот на САД — белоглавиот орел, прикажан како амблем на мисијата. Командниот модул се нарекува Колумбија, според женското олицетворение на САД, и традиционален лик од песни и поезија. Во раните фази на планирање на мисијата, се користеле имињата Снежана и Хејстек, но ова било променето пред да биде објавено во медиумите.See, e.g., , str. 8.

Мисијата мини|Ракетата Сатурн V, со Аполо 11, ќе полета од лансирната рампа на 16 јули 1969 г.

Одење до и од вселената Милиони луѓе ширум светот го гледале летот на Аполо 11 на телевизија. Кога ракетата била испратена во вселената, тоа станало светски настан. Ричард Никсон, кој тогаш бил претседател, го гледал настанот од Белата куќа додека ракетата се кревала. Ракетата Сатурн V полетала од Вселенскиот центар Кенеди во Америка.

Околу два часа по напуштањето на Земјата, патничкиот модул ја напуштил главната ракета. Модулот за патници имал два главни дела, командниот и сервисниот модул Аполо наречен Колумбија и Месечевиот модул Аполо наречен Орел. Колумбија бил вселенскиот модул (вселенски лет со екипаж) што останал во вселената, а Орел бил вселенскиот модул што слетал на Месечината. Три дена подоцна екипата влегла во Месечината орбита (орбита околу Месечината). Еден ден подоцна Орелот заминал од Колумбија. Орелот безбедно слетал на Месечината со Нил Армстронг и Баз Олдрин внатре. За време на слетувањето имало неколку проблеми со компјутерот. За безбедно да слетал, Амстронг морал сам да лета со Орелот. Тие слетале со уште само 25 секунди гориво. лево|мини|Орел во орбита на Месечината кратко време по одвојувањето од командниот модул Колумбија.

Настани на Месечината Првото нешто што Баз Олдрин го направил откога слетал било да се моли. Прочитал и неколку зборови од Исус.Баз Олдрин, Кен Абрахам (2009) „Величествена пустош“, Рандом хаус издавачи, стр. 26 Тој не го открил својот план да го стори тоа затоа што некој штотуку покренал тужба за да ги спречи космонаутите да прават верски работи во вселената. Армстронг станал првиот човек што одел и зборувал на површината на Месечината. Првите зборови што ги рекол биле:

мини|Баз Олдрин работи на Месечевиот модул. Во следните два и пол часа Олдрин и Армстронг правеле белешки, слики и дупки за да дојдат до карпа од Месечината. Слетувањето го следеле над шест милиони луѓе на Земјатаhttp://www.parkes.atnf.csiro.au/news_events/apollo11/pasa/on_eagles_wings.pdf - навод со помош на многу големиот радиотелескоп во Австралија. Тие направиле многу експерименти, на пример собирале Месечеви камења и прашина. Американското знаме било поставено и фотографирано на Месечината. Пред да го сторат тоа, претседателот Ричард Никсон телефонски им се јавил:

мини|Орел се приближува до Колумбија

Напуштање на Месечината и враќање на Земјата Откако ја завршиле својата работа, Армстронг и Олдрин се вратиле кај Орелот и спиеле седум часа пред да започнеле да заминуваат. Додека се подготвувал да замине, Олдрин го скршил автоматскиот прекинувач на моторот. Армстронг користел пенкало за да го премести колото и да ги спречи да бидат заглавени на Месечината. Олдрин и Армстронг оставиле многу работи на Месечината: американско знаме, неколку експерименти, златен пердув, лого на Аполо 1 и неколку бронзени монети во чест на Јуриј Гагарин и Владимир Комаров. Оставиле и натпис на Месечината, со порака од човечката раса. Натписот гласи:

На 24 јули тројцата космонаути се вратиле на Земјата и веднаш биле ставени во карантин (држени подалеку од другите луѓе), во случај ако фатиле некоја болест од Месечината. Тие останале во карантин три недели. Кога излегле, мажите биле јунаци низ целиот свет. Тие вечерале со претседателот Никсон, одржале парада во Њујорк и уште една во Чикаго. Тројцата биле и на многу телевизиски емисии.

Наводи

Надворешни врски

"Apollo 11 transcripts" at Spacelog Apollo 11 in real time

Категорија:Аполо (вселенска програма) Категорија:Истражување на Месечината Категорија:Четириаголник LQ12 Категорија:Мисии до Месечината со екипаж