ФК Љуботен — македонски фудбалски клуб од Тетово. Клубот се натпреварува во Третата македонска лига - Запад. Љуботен претставува најстариот фудбалски клуб од Македонија, основан во 1919 година.
Историја Првата фудбалска топка во Тетово ја има донесено Никифор Вочевски во 1916 година, а три години подоцна во 1919 година, професорот по фискултура Франтишек Ваник, кој дошол од Словенија донел нова топка и почнал на часовите по фискултура да се игра фудбал.http://www.macedonianfootball.com/index.php?option=com_content&view=article&id=130:ljuboten&catid=25:3-liga-zapad-third-league-west&Itemid=120 Првите поклоници на фудбалот биле: Јован Марковски, Стевица Бошњаковски, Никола Павловски-Бутика, Симо Момировски, Заре Заковски, Момчило Ќириќ, Саша Поповски, Миле Захариевски и други. Овие гимназијалци за првпат го играат фудбалот во Тетово, а и тогаш, во 1919 година за првпат се споменува клубот. На почетокот истиот се викал „Тетовско младинско друштво“, за потоа да го добие името ФК Љуботен и за првпат се настапува под тоа име. Било одбрано името Љуботен, затоа што во тоа време се верувало дека Љуботен бил највисокиот врв на Шар Планина.
Клубот бил регистриран и примен во Лоптачкиот сојуз, во 1922 година. На 23 јули 1922 година во Тетово била отворена Градската библиотека, а свеченето обраќање го одржал Јован Марковски. Првото основачко собрание на ФК Љуботен е одржано пет дена подоцна на 28 јули 1922 година, и повторно свеченото обраќање го одржал Јован Марковски. Во првиот управен одбор на ФК Љуботен биле избрани: Симо Момировски, Никола Павловски-Бутика, Стеван Јовановски, Момчило Ќириќ, Александар-Цане Поповски и Крсто Димитриевиќ, а за претседател бил избран Јован Марковски. Веднаш по основачкото собрание бил одигран натпревар, во кој се сретнале ФК Љуботен и ФК Спорт од Скопје, кој завршил нерешено 1:1, а голот за Љуботен го постигнал рускиот емигрант Скуриков.
Првпат во странство Во 1965 година во Тетово гостувале два бугарски тима, ПФК Черно Море од Варна, тогашен прволигаш и Металург од Перник, тогашен второлигаш. И во двата меча Љуботен доживеал пораз. Во првиот меч Љуботен-Черно Море 0:2 и вториот меч Љуботен-Металург 2:5. Истата година ФК Љуботен гостувал во Бугарија, и одиграл три меча. Најпрвин во Ќустендил се сретнал со вторилигашот Левски, а мечот завршил Левски-Љуботен 1:0, а мечот во Перник Љуботен повторно бил совладан, Металург-Љуботен 4:2. На оваа турнеја Љуботен останал непоразен единствено против екипата Поморие, со кои ремизиирал, мечот завршил 2:2. Наводи
Надворешни врски Официјално мрежно место Информации за клубот на MacedonianFootball Фудбалска федерација на Македонија
Љуботен Љуботен Категорија:Појавено во 1919 година во Македонија