Стеван Трајков Калески — македонски револуционер во ВМОРО. Активен учесник во ослободувањето на Македонија.

Животопис Стеван Трајков Калески е роден во 1871 година во селото Долно Дивјаци, општина Крушево.

Во македонската револуционерна организација се приклучил рано. Во 1901 година работел во неговото село заедно со Јон Кушевски и Ставри Димитров (Ставре Димитријоски). Бил дел од четите на војводите Ѓурчин Наумов, Јордан Пиперката, Блаже Биринчето, Веле Марков, итн.

Во септември 1904 година бил дел од четата на Ѓурчин Наумов, во времето кога Ѓурчин бил убиен од турскиот аскер.

Во 1910 година од страна на Турците бил затворен во затворот во Битола, како учесник во борбите против Османлиското Царство.

Во 1944 година заедно со Мате Доаѓа од Крушево ги помагал партизанските единици.

Наводи

Категорија:Дејци на МРО Категорија:Луѓе од Долно Дивјаци Категорија:Родени во 1871 година Категорија:Македонски револуционери Категорија:Учесници во НОБ Категорија:Добитници на Илинденска пензија