Јасмина Поповска () — македонска театарска, филмска и телевизиска глумица.

Животопис Јасмина Поповска е родена на 14 јули 1959 година. Таа дипломирала на Факултетот за драмски уметности при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, на отсекот за глумечка игра во класата на професорите Тодорка Кондова-Зафировска и Слободан Унковски во 1984 година. Таа била вработена во Македонскиот народен театар, уште од периодот непосредно по дипломирањето.„Јасмина Поповска “. Македонски народен театар. Веднаш по дипломирањето се вработува во МНТ на чија сцена настапува уште од студентските денови. Одтогаш остварува бројни насловни, главни и споредни улоги во претставите на репертоарот на својата матична сцена, но и во други театарски институции во Македонија. Учествува во ТВ проекти од антологиско значење за македонската ТВ продукција и одигрува главни улоги во низа ТВ серии, ТВ филмови. Добитник е на награда за најдобра млада актерка на театарскиот фестивал ,,Војдан Чернодрински" и Екранова награда за најдобар актер. За 25 години на својата кариераа на сцената на МНТ реализира авторски проект и се јавува во улога како продуцент и носител на главна улога во претставата ,,Мојот човек"во која се третира проблемот на семејното насилство.

Од 2002- 2006 год е директорка на МКЦ при што остварува капитални проекти како што е киното ,,Фросина" и амбициозно работи на мегународна промоција на Кокино како една од најстарите мегалитски опсерватории и во 2005 год Кокино е ставено на четвртто место на НАСА.

Театрографија Амелија — „Погрижи се за Амелија“ од Жорж Фејдо, р. Коле Ангеловски, МНТ, 1984; Мирандолина — „Мирандолина“ од Карло Голдони, р. Вукан Диневски, МНТ, 1985; Ангелина — „Рамна земја“ од Ташко Георгиевски, р. Владимир Милчин, МНТ, 1985; Гуштерица — „Гуштерица“ од Александар Володин, р. Евгениј Лазаров, МНТ, 1986; Ружа — „Тетовирани души“ Од Горан Стефановски, р. Богдан Поп Ѓорчев, НТ Штип, 1986; Емилија/Маја — „Баал“ од Бертолт Брехт, р. Владимир Милчин, МНТ, 1987; Мица — „Мрестење на краповите“ од Александар Поповиќ, р. Ацо Алексов, МНТ, 1987; Мира — „Кал“ од Марија Ирене Форнес, р. Наум Пановски, МНТ, 1988; „Црна дупка“ од Горан Стефановски, р. Паоло Маџели, МНТ, 1988; Елианта — „Мизантроп“ од Жан Батист Молиер, р. Владимир Милчин, МНТ, 1989; Анжелика — „Жорж Данден“ од Жан Батист Молиер, р. Бранко Ставрев, МНТ, 1992; Девојката — „Соната на сеништата“ од Август Стриндберг, р. Стојан Стојаноски, МНТ, 1992; Ана — „Буре барут“ од Дејан Дуковски, р. Сашо Миленковски, МНТ, 1994; Цвета — „МКС“ од Војдан Чернодрински, р. Сашо Миленковски, МНТ, 1995; Хелена — „Обѕирни се во гнев“ од Џон Озборн, р. Васил Христов, МНТ, 1995; Сузана — „Кројач за дами“, од Жорж Фејдо, р. Димитрие Османли, МНТ, 1996; Болничарка — „Мара/Сад“ од Петер Вајс, р. Васил Христов, МНТ, 2008; „Троил и Кресида“ од Вилијам Шекспир, р. Љубиша Ристиќ, МНТ, 2010; „Мојот човек“ од Мирјана Ојданиќ, авторски проект, МНТ, 2012; Хор — „Вечната куќа“ од Јордан Плевнеш, р. Дејан Пројковски, МНТ, 2013; „Сонцето, колку е блиску сонцето", разни автори, р. Дејан Пројковски, МНТ, 2025.

Филмографија Лејла — „Марика лета со авион“, р. Борис Дамовски, ТВ-филм, 1988; Мира — „Северна грешка“, р. Борис Дамовски, ТВ-филм, 1990; "Остани исправен", р. Кристијан Ристески, ТВ-филм 2005; "Потстанар", р. Марко Ѓоковиќ, ТВ-филм 2026.

Телевизиски серии „Македонски народни приказни“, 1986 - 1989; „Случки од животот“, 1987; "Чук, чук Стојанче", 1987; "Кога меракот пее", 1989; "Еурека", 1993; Перуника — „Од денес за утре“, 2010; Менторка — "Преспав", 2021-2024. Во светот на бајките Сонце на дланка

Награди Награда за најдобар млад глумец на МТФ „Војдан Чернодрински“, Прилеп; Награда на ревијата „Екран“ за најдобар млад глумец за улогата на Емилија во претставата „Баал“, 1988; Признание на ТВ-филмскиот фестивал во Берлин.

Наводи

Надворешни врски

Биографија на Јасмина Поповска, Македонски народен театар.

Категорија:Живи луѓе Категорија:Македонски глумици Категорија:Македонски театарски глумци Категорија:Македонски телевизиски глумци Категорија:Македонски филмски глумци Категорија:Глумци во Македонскиот народен театар Категорија:Апсолвенти на Факултетот за драмски уметности - Скопје