Борче Начев (Струмица, ) — македонски театарски, филмски и телевизиски глумец. Од 2010 година, Начев работи во Македонски народен театар во Скопје.

Животопис Борче Начев е роден на 2 декември 1982 година во Струмица. Дипломирал на Факултетот за драмски уметности во Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, на отсекот за глумечка игра во класата на Владо Цветановски во 2007 година. Вработен е во Македонскиот народен театар од 2010 година.„Борче Начев “. Македонски народен театар.

Театрографија „Јонадаб“ од Питер Шефер, р. Дејан Пројковски, НУ Драмски театар - Скопје, 2003. Купер Џонс — „Сцени од животот“ од Овен мек Каферти, р. Филип ле Моан, МНТ, 2004; Перо ѕидарот — „Големиот смок“ од Митко Маџунков, р. Горан Тренчовски, НТ „Антон Панов“ - Струмица, 2005; Константин, Црна Арапина — „ММЕ кој прв почна“ од Дејан Дуковски, р. Владо Цветановски, НУ Драмски театар - Скопје, дипломска претстава, 2007; „Македонски рулет“ од Љубиша Георгиевски, р. Сашо Миленковски, Драмски театар - Скопје, 2007; „Соларис-мултимедијален проект“ од Златко Славенски, МНТ, 2007; Филип — „Големите очекувања“ од Ана Ристовска, р. Јован Ристовски, МНТ, 2007; Селанец — „Сите лица на Петре М. Андреевски“, р. Владо Цветановски, Драмски театар - Скопје, мултимедијален проект, 2008; Помет — „Дундо Марое“ од Марин Држиќ, р. Драгана Милошевски-Попова, МНТ, 2008; Базил, месарот, Бегалецот, Војникот, Инспекторот, Стражарот, Новинарот — „Фигаро се разведува“ од Еден фон Хорват, р. Куштрим Бектеши, МНТ, 2008; Пациент — „Мара/САД“ од Питер Вајс, р. Васил Христов, МНТ, 2008; Иви — „Лет во три глави“ од Загорка Поп-Антоска Андовска, р. Никола Ристов, МНТ, 2009; г. Нинковиќ, државен секретар во МНР — „Госпоѓа министерка“ од Бранислав Нушиќ, р. Наташа Поплавска, МНТ, 2009; Троил — „Троил и Кресида“ од Вилијам Шекспир, р. Љубиша Ристиќ, МНТ, 2010; Даскал Наум, Комитата — „Суд“ од Коле Чашуле, р. Љупчо Ѓоргиевски, 2010; Јохан, неуспешен студент по филозофија, ботаничар — „Спиноза“ од Гоце Смилевски, р. Зоја Бузалковска, Драмски театар - Скопје, 2010; Миле — „Слепи птици“ од Јани Бојаџи, р. Јани Бојаџи, НУЦК „Антон Панов“ - Струмица, 2010; Атанас — „Немој ти мене Фауст“ од Срѓан Јаниќијевиќ, р. Срѓан Јаниќијевиќ, МНТ, 2010; „Копнеж по целина“ од Матеја Матевски, р. Ристо Алексовски, МНТ, 2011; Иван Шатов — „Бесови“ од Фјодор Михајлович Достоевски според Албер Ками, р. Златко Славенски, МНТ, 2011; Сегизмундо — „Животот е сон“ од Педро де ла Барка Калдерон, р. Владо Цветановски, МНТ, 2012; Ролен, славен поет — „Подемот и падот на кабарето“ од Артур Шницлер, р. Владимир Милчин, МНТ, 2013; Јаша, млад лакеј — „Вишновата градина“ од Антон Павлович Чехов, р. Трајче Ѓоргиев, МНТ, 2013; Бохумил Зелински — „Вечната куќа“ од Јордан Плевнеш, р. Дејан Пројковски, МНТ, 2013; Агамемнон, Еврипид — „Електра“ од Есхил, Софокле, Еврипид и Жан Пол Сартр, р. Андриј Жолдак, МНТ, 2014; Дедо Тил — „Сината птица“ од Морис Метерлинк, р. Златко Славенски, МНТ, 2014; Леарт — „Аферата Елсинор“ од Љубиша Георгиевски, р. Љубиша Георгиевски, МНТ, 2014; Четвртиот маж — „Тероризам“ од Владимир и Олег Пресњаков, р. Јордан Симонов, МНТ, 2015; „Викај ги среќа“, р. Златко Славенски, 2016; Спиро — „Прекината одисеја“ од Роберт Урбањски, р. Јацек Гломб, МНТ и Театар „Хелена Моджејевска“ (Полска), 2016; Духовникот — „Силјан штркот шанца“ од Дејан Дуковски, р. Срѓан Јаниќијевиќ, МНТ, 2016; Мирза, босанскиот камп и камерманот на СНН — „Ничија земја“ од Данис Тановиќ и Александар Морфов, р. Александар Морфов, МНТ, 2017; Кирил — „Дух“ од Дејан Дуковски, р. Срѓан Јаниќијевиќ, МНТ, 2018; Доктор — "Бесачи" од Мартин Мекдона, р. Јавор Грдев, МНТ, 2019; Рос — „Макбет“ од Вилијам Шекспир, р. Нела Витошевиќ, МНТ, 2019; 40 разбојници/7 џуџиња — "Хенгинг Араунд" од Љупчо Јованов, р. Бојан Трифуновски, МНТ, 2024; "Сонцето, колку е блиску сонцето", р. Дејан Пројковски, МНТ 2025.

Филмографија Година Филм Улога Канал 2004 Алеф ТВ-филм Оги 2006 Тајната книга ТВ-филм Гласот МРТ 1 2006 Караула ТВ-филм Војник 2007 Сенки ТВ-филм д-р Лазар Перков МРТ 1 2007-2010 Народни приказни ТВ-серија А1 ТВ 2012-2013 Македонски приказни ТВ-серија Канал 5 2012-2014 Тврдокорни ТВ-серија Пешо ТВ Сонце 2014 Приказни од животот ТВ-серија Огнен Алфа ТВ 2014 Среќна Нова 1903 ТВ-филм Србинот Канал 5 2014-2015 Македонски народни приказни ТВ-серија МРТ 1 2016 Вистинска љубов ТВ-филм Ацо Пинго Канал 5 2016-2017 Македонски народни приказни ТВ-серија Канал 5 2017 Фамилија Марковски ТВ-серија Никола Канал 5 2017 Искушаните ТВ-филм Един 2017 Инсајдер ТВ-серија Новинар Телма 2018-2020 Преспав ТВ-серија Шиме МРТ 1 2019 Змија ТВ-филм Дарко 2021 Последните денови на невиноста ТВ-филм Дарко 2022 Драматургија на незавршеното ТВ-филм 2022 Македонски народни приказни ТВ-серија Алфа ТВ 2023 Бистра вода ТВ-серија Докторот во станот Алфа ТВ 2025 Бунтовната Принцеза ТВ-филм Роман МРТ 1 2025-2026 Чаршија ТВ-серија Ристо 2026 Нема да ви се верува што се случи претходно ТВ-филм Свештеник

Наводи

Надворешни врски

Животопис на Борче Начев на мрежната страница на Македонски народен театар.

Категорија:Живи луѓе Категорија:Глумци од Струмица Категорија:Македонски театарски глумци Категорија:Македонски филмски глумци Категорија:Македонски телевизиски глумци Категорија:Глумци во Македонскиот народен театар Категорија:Апсолвенти на Факултетот за драмски уметности - Скопје