Основно училиште „Ѓорче Петров“ (официјално: Подрачно основно училиште „Ѓорче Петров“ - Секирци; скратено: ПОУ „Ѓорче Петров“) — подрачно основно училиште во селото Секирци, составен дел на истоименото училиште во селото Ропотово.

Училиштето е именувано по истакнатиот македонски револуционер Ѓорче Петров.

Местоположба

Објектот на училиштето се наоѓа на влезот од селото, на десната страна од патот кој води од соседното село Браилово.

Настава

Во училиштето се изведува настава од прво до петто одделение и наставата се изведува на македонски наставен јазик.

Наводи

Категорија:Основни училишта во Општина Долнени Секирци Категорија:Секирци