Пресвета Богородица – главна и единствена селска црква во селото Пешталево. Сместена е во крајниот северозападен дел од селото.
Историја Црквата била изградена во 1965 година.„Црква „Пресвета Богородица“, село Пешталево“. OldPrilep. 26 јануари 2015.
Архитектура Градбата на црквата има правоаголна основа со полукружна апсида на источната страна. Главниот влез се наоѓа на западната страна, а црквата има и спореден влез на јужната страна. Објектот во целост е варосан и е покриен со кров од ќерамиди.
Во дворот на црквата има две камбанарии, два помошни објекти, а во него се сместени и христијанските селски гробишта. Првата камбанарија е прилепена до западната страна на црквата и се издига над просторот пред главниот влез. Таа има квадратна основа и се состои од три дела. На целиот простор од западната страна на средниот дел има фреска на којашто е претставена Богородица со Исус. На секоја страна од горниот дел на камбанаријата има по една монофора. Покриена е со пирамидален кров од ќерамиди над кој има метален крст на кој е испишано името на црквата. Втората камбанарија е одделна и се наоѓа непосредно до помалиот помошен објект. Таа е со квадратна основа и се состои од два дела. Во долниот дел од западната страна се наоѓа влезната врата, а горниот дел е отворен од сите четири страни. Покриена е со пирамидален лимен кров.
Галерија
Поврзано Пешталево Преспанско-пелагониска епархија Прилепско архијерејско намесништво Долненско-секиречка парохија
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Пешталево Пешталево