Куќетини — населба од раниот среден век. Во 1976 година на околу 800 метри северозападно од селото Глуво, на десната страна на Бањанска Река се регистрирани три големи јами во кои се најдени фрагменти од византиска глеѓосана керамика, насликана со спирални и флорални мотиви. Северно од јамите, на околу 200 метри, има урнатини од повеќе станбени објекти.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Поврзано Штитиње — осамен наод од римско време.

Наводи

Категорија:Глуво