Референдум во Општина Дојран (2020) — референдум на локално ниво кој се одржал во Општина Дојран на 2 февруари 2020 година.
Граѓаните на овој референдум гласале за склучување договор за јавно-приватно партнерство за комуналните услуги, водовод и канализација.
Овој референдум бил успешен поради тоа што гласале повеќе од половина од вкупниот број на регистрирани гласачи. Мнозинството граѓани гласале против, поради што Општина Дојран ќе ја прекине постапката за создавање ново комунално претпријатие, кое требало да стопанисува со услугите водовод и канализација во наредните 30 години.
Поврзано Општина Дојран
Наводи
Категорија:Референдуми на локално ниво во Македонија Категорија:Општина Дојран