Хелсинки (; ) — главен и најголем град во Финска. Се наоѓа во регионот Усима, сместен во јужниот дел на Финска, на брегот на Финскиот Залив, дел од Балтичкото Море. Хелсинки има 616.042 жители во самиот град, додека во пошироката област живеат 1.176.976 жители (31 декември 2012 г.) и метрополитенско население од 1,4 милиони, правејќи го најголем град и урбана област во Финска. Хелсинки се наоѓа на 80 километри северно од Талин, Естонија, 400 километри североисточно од Стокхолм, Шведска и 300 километри западно од Санкт Петербург, Русија. Хелсинки имал слична историја со овие три града и е многу поврзан со нив.

Метрополитенската област на Хелсинки го вклучува урбаното јадро на Хелсинки, Еспо, Ванта, Каунијаинен и околните градови. Претставува најсеверната метрополитенска област со над еден милион жители во светот, а Хелсинки е најсеверниот главен град на земја членка на Европската унија. По Копенхаген и Стокхолм, тој е третиот најголем град во нордиските земји.

Хелсинки е главен политички, образовен, финансиски, културен и истражувачки центар на Финска, како и еден од поголемите градови во северна Европа. Околу 70 % од странските претпријатија во Финска имаат седиште во областа Хелсинки. Во соседниот град Ванта се наоѓа Хелсиншкиот аеродром, со чести врски до различни одредишта во Европа и Азија.

Во истражување на списанието „Економист“ во август 2012 година за најдобрите и најлошите градови за живеење, Хелсинки го зазел осмото место. Во 2011 година, списанието Monocle го сместил Хелсинки за најдобар град за живеење во светот според неговиот индекс на градови.

Потекло на поимот

Според усната традиција забележана во век, раните доселеници во денешната област на Хелсинки дошле во средината на век од покраината Хелсингланд во средишна Шведска. Реката Ванта локално била нарекувана како „Хелсинго“ (Helsingå) и парохијата основана во век била наречена „Парохија Хелсинге“.

Кога започнале да се остваруваат плановите за основање на град во близина на денешните окрузи Коскела или Форсби („село на брзаци“) во 1548 година, новиот град започнал да се нарекува „Хелсинге брзак“ (Helsinge fors). Ова име потоа станало Хесингфорс (Helsingfors), кое денес се употребува како име на градот на шведски. Обичните луѓе местото го нарекувале „Хелсинге“ или „Хелсинг“, што подоцна станало моменталното финско име Хелсинки.

Името Хелсинки било користено во официјалните фински документи и во финските весници од 1819 година, кога Финскиот сенат се преселил во градот и на донесените декрети било запишувано Хелсинки како место на издавање. Ова е како Хелсинки станала прифатена форма во финскиот литературен јазик.

Историја Рана историја

мини|252п|лево|Центарот на Хелсинки во 1820 година пред повторната изградба. Графика на Карл Лудвиг Енгел. мини|252п|лево|Изградбата на Суоменлина започнала во век. мини|лево|250п|Противпожарната станица Еротаја

Хелсинки бил основан како трговски град од кралот Густав I Васа во 1550 година како град Хелсингфорс, кој требало да му биде соперник на Ханзиниот град Ревал (денес познат како Талин). Малку се остварило од плановите, па Хелсинки останал мал град опустошен од сиромаштијата, војните и болестите. Од чумата во 1710 година починале поголем дел од жителите на Хелсинки. Изградбата на морската тврдина Свеаборг (на фински „Вијапори“, а денес и Суоменлина) во век помогнала да се подобри статусот на Хелсинки, но градот не започнал да се развива во значен град сè до шведскиот пораз од Русија во Финската војна и припојувајќи ја Финска како автономно Големо Кнежевство Финска во 1809 година. Во текот на војната, Русите ја освоиле тврдината Свеаборг и околу една четвртина од градот бил уништен во пожарот од 1808 година.

Царот Александар I го преместил финскиот главен град од Турку во Хелсинки во 1812 година за да го намали шведското влијание на Финска и да го донесе главниот град поблиску до Санкт Петербург. По големиот пожар во Турку во 1827 година, Кралската академија Турку, во тоа време единствениот универзитет во земјата, била исто така преместена во Хелсинки и на крајот станала денешниот Хелсиншки универзитет. Преместувањето ја потврдило новата улога на градот и му помогнало во постојаниот раст. Оваа промена е многу забележлива во центарот на градот, кој бил повторно изграден во неокласичен стил како потсетник на Санкт Петербург, главно врз плановите на германскиот архитект Карл Лудвиг Енгел. Како и насекаде, технолошките пронајдоци како железницата и индустријализацијата биле клучните фактори за развојот на градот.

век

И покрај бурната финска историја во текот на првата половина на век, Хелсинки продолжил со својот стабилен развој. Кулминација во историјата на градот биле XV Олимписки игри (Летните олимписки игри 1952) кои се одржале во Хелсинки. Рапидната урбанизација на Финска во 1970-тите, која се случува релативно доцна во споредба со остатокот на Европа, тројно го зголемила населението во метрополитенската област и бил изграден системот на Хелсиншката подземна железница. Релативната слаба густина на населеност на Хелсинки и неговата чудна структура често придонесувале до спорост во неговиот развој.

Име

Хелсинки се користи како како име на градот во повеќето јазици, но не и на шведски.

Шведското име „Хелсингфорс“ () е првобитното официјално име на градот Хелсинки (во почетокот се пишувало Хелсингефорс (Hellssingeforss)). Финската јазична форма на името веројатно потекнува од Хелсинга (Helsinga) и сличните имиња користено за реката, која сега е позната како Ванта, како што била забележана во век. Хелсингфорс доаѓа од името на околната парохија, Хелсинге (Helsinge) и брзаци (), кои биле присутни во првичното село.

Друга теорија е дека името Хелсинге можеби потекнува од средновековните шведски доселеници, кои дошле од Хелсингланд во Шведска. Други наведуваат дека името потекнува од шведскиот збор „хелсинг“ (helsing), поранешна верзија на зборот „халс“ (hals; врат), однесувајќи се на најтесниот дел на реката, т.е. на брзаците. Други скандинавски градови исто така добиле слични имиња, како Хелсингер и Хелсингборг.

На хелсиншкиот сленг, градот се нарекува или како „Стади“ (Stadi; од шведскиот збор стад, што значи град) или Хеса (Hesa; скратено од Хелсинки), каде Стади се користи кога говорникот е роден во градот.Ristkari, Maiju: Heinäsorsat Helsingissä. Aku Ankka #44/2013, introduction on page 2. Хелсет () е името на градот на севернолапонски јазик.

Географија

мини|десно|250п|Делови од Хелсинки и Еспо погледнати од сателит мини|250п|лево|Луотсикату, дел од Хелсинки

Хелсинки е наречен „ќерката на Балтикот“ и е сместен на врвот на полуостров и на 315 острови. Самото градско подрачје го зафаќа јужниот дел на полуостровот, кој ретко се именува со неговото име Вирониеми. Густината на населеност во одредени подрачја на Хелсинки во самото градско подрачје е многу висока, достигнувајќи 16.494 жители на км2 во округот Калио, но вкупната густина на населеност изнесува 3.050 км2, што се смета за слабо населен во однос на другите главни градови во Европа. Голем дел од Хелсинки надвор од градското подрачје се состои од повоени предградија одвоени едно од друго со шума. Тесниот средиштен парк во Хелсинки (долг околу 10 километри) се протега од центарот до северната граница на Хелсинки, претставува важна рекреативна зона за самите жители. Градот Хелсинки има 11.000 места за бродови и поседува над 14.000 хектари морска рибарска водна површина близу метрополитенската област. Во областа постојат околу 60 видови на риби. Рекреативното рибарство е особено омилено хоби помеѓу децата и возрасните.

Поголеми острови во Хелсинки се Сеурасари, Валисари, Лаутасари и Коркесари — на последниот се наоѓа најголемата зоолошка градина во државата. Други значајни острови се островот-тврдина Суоменлина (Свеаборг), воениот остров Сантахамина и Исосари. Пихлајасари е омилено летно одредиште за нудисти и хомосексуалци.

Метрополитенска област

мини|десно|250п|Урбаното подрачје на Хелсинки. мини|Мекеленкату

Регионот Хелсинки се состои од четири општини: Хелсинки, Еспо, Ванта и Каунијаинен и се смета за единствена метрополитенска област во Финска. Има население од 1,09 милиони, далеку најголема и најгусто населена област во Финска, преку четири пати поголема од Тампере. Регионот на главниот град се простира на област од 770 км2 и има густина на населеност од 1.418 жители по км2. Со повеќе од 20 проценти од населението на државата сместено на само 0,2 % од површината на земјата, густината на населеност на областа е висока за фински стандарди.

Метрополитенската област Хелсинки се состои од регионот на главниот град Хелсинки и десет околни општини. Метрополитенската област покрива област од 3.697 км2 и има околу 1,4 милион жители или околу една четвртина од вкупното население на Финска. Метрополитенската област нуди голем број работни места: околу 750.000 работни места. И покрај искористеноста на земјата, регионот има големи рекреативни области и зелени површини. Метрополитенската област Хелсинки е најсеверната урбана област со над еден милион жители во светот, а градот е најсеверниот главен град на некоја земја членка на Европската унија.

Клима

мини|лево|Хелсинки во лето

Хелсинки има влажна континентална клима (Кепен: Dfb), помалку од 2 °C над мерната точка за субарктичката клима. Благодарение на ублаженото влијание на Балтичкото Море и Голфската струја, температурите во зима се повисоки отколку што можеби кажува неговата северна положба, па така просекот за јануари и февруари е околу -5 °C. Температури под -20 °C можат да се случат една недела или две во годината. Меѓутоа, поради неговата должина, деновите траат 5 часа и 48 минути околу краткодневицата со многу ниски сончеви зраци и облачното време во ова време во годината ја зголемува темнината. Обратно, Хелсинки има долги денови во лето, во текот на долгодневицата деновите траат 18 часови и 57 минути. Просечната максимална температура од јуни до август е околу 19 до 22 °C. Поради морскиот ефект, особено во лето дневните температури се пониски, а ноќните температури повисоки отколку на копното. Највисока температура некогаш забележана во центарот на градот била 33,1 °C на 18 јули 1945 година, а најниската била -34,3 °C на 10 јануари 1987 година. На аеродромот Хелсинки била забележана температура од 34 °C на 29 јули 2010 година и -35,9 °C на 9 јануари 1987 година.

Градски пејзаж

десно|мини|195п|Дрвени куќи во Валила лево|мини|195п|Алексантеринкату во средиштен Хелсинки десно|мини|200п|Алекси во средиштен Хелсинки лево|195п|мини|Поглед во лето преку Елеинтарханлахти мини|195п|десно|Хелсиншката катедрала е веројатно најпознатата градба и симбол на градот. лево|мини|195п|Финскиот парламент десно и нови деловни објекти лево

Карл Лудвиг Енгел (1778–1840) бил назначен да го проектира новиот центар на градот по негови замисли. Проектирал неколку неокласични градби во Хелсинки. Главна точка во планот на градот на Енгел е Сенатскиот плоштад. Тој е опкружен од Владиниот дворец (на исток), главната градба на Хелсиншкиот универзитет (на запад) и (на север) огромната катедрала, која била завршена во 1852 година, дванаесет години по смртта на Енгел. Подоцна, неокласичниот план на Енгел го поттикнал добивањето на епитетот, Белиот град на Северот. Меѓутоа, Хелсинки е веројатно е попознат по неговите бројни ар нуво (југенд на фински) градби под влијание на романтичниот национализам, проектирани во почетокот на 1900-тите и под силно влијание на Калевала, која била многу популарна тема во тоа време. Југендстилот е исто така присутен во големите станбени области, како Катајанока и Уланлина. Главен архитект на овој стил бил Елил Саринен (1873–1950), чие архитектонско ремек-дело било главната железничка станица на Хелсинки.