Футуна (бислама: Futuna) е остров во покраината Тафеа во Вануату. Футуна е најисточниот остров во државата.

Географија Островот е всушност издигнато копно од подводен вулкан. Последен пат вулканот еруптирал пред 11.000 години. Достигнал висина до 666 метри. Овој остров понекогаш се нарекува Западна Футуна за да се разликува од островот Футуна во Валис и Футуна. Островот е дел од географската област Полинезија.

Население Островот има население од 535 жители според пописот од 2009 година.2009 Census Summary release final - Government of Vanuatu На островот моментално има 5 села: Иасоа Ипао Матанги Ихсија Имунга

Сообраќај На островот има мал аеродром, Аеродром Футуна. Од аеродромот има по 2 лета седмично. Има и мало пристаниште, Хералд Беј.

Образование На островот има училиште во селото Ихсија. Поранешното име на училиштето било Ихсија Средно Учулиште, денес се вика Едвард Нипаке Меморијално Училиште. Во училиштето се одвива и основно и средно образование.

Поврзано Тафеа Вануату

Наводи

Надворешни врски Вануату Травел: Футуна

Категорија:Тафеа Категорија:Острови во Вануату