Дамат Мехмед Али-паша ( – ) – отомански државник и дипломат. Голем везир бил од 3 октомври 1852 до 14 мај 1853, во предвечерието на Кримската војна. Заедно со Мехмед Фуад-паша, Мехмед Емин Али-паша и Коџа Мустафа Решит-паша, бил еден од главните реформатори на танзиматското раздобје.

Мехмед али е роден во Хемшин, град на брегот на Црно МореЦрното Море во модерна Турција и бил од хемшинско етничко потекло. Бил син на цариградски дуќанџија и работел во преведувачката канцеларија на Османлиското Царство пред да стане отомански амбасадор во Обединетото Кралство на 26 години. Се оженил со принцезата Адиле-султан, ќерка на султанот Махмуд II, па станал "Дамат" (турски: зет) на Отоманската династија.William L. Cleveland. "A History of the Modern Middle East", Westview Press, 2004, , p. 82.

Наводи

Категорија:Паши Категорија:Големи везири на Отоманското Царство од 19 век Категорија:Амбасадори на Отоманското Царство во Обединетото Кралство