Стара Липа — археолошко наоѓалиште во неготинското село Липа. Претставува средновековна црква и некропола. Се наоѓа на 3,5 км северно од селото, на терен што претставува мала котлина. На површината лежат урнатини од објект поставен во правец исток-запад, а во непосредната близина аморфни плочи од гробни конструкции, поставени во правец запад-исток.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 235, Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Поврзано Градиште — утврдена населба од доцноантичкото време; Корминиш - Црквиче — средновековна црква; Липа; Список на археолошки наоѓалишта во Неготинско; Список на средновековни некрополи во Македонија.

Наводи

Категорија:Липа (село)