мини|320x320пкс| Високоплимската оргула во Блекпул гледана од нејзината страна Плимската оргула (изворно на англиски: High Tide Organ) — оргула која свири на плима, висока 15 метри и изградена во 2002 година, како дел од низата скулптури „Големото шеталиште“, сместени покрај Новото шеталиште во Блекпул. во Обединетото Кралство. Уметничкото дело, опишано како „музичка манифестација на морето“, е едно од неколкуте примери на плимска оргула; други се Брановитата оргула во Сан ФранцискоSan Francisco's Wave Organ и Морската оргула во Хрватска.

Скулптурата е дизајнирана од уметниците Лијам Куртин и Џон Гудинг, и е конструирана во бетон, челик, цинк и бакар.Lancashire Evening Telegraph. (14 јуни 2002). New organ will be played by the sea. . Newsquest Media Group. Посетено на 6 јуни 2020. Искористувањето на брановата енергија и обликувањето на бетонот и металите се вели дека создаваат уникатно толкување на природните и вештачки околини на Блекпул.

Инструментот свири преку морето на плима низ осум цевки прикачени на морскиот ѕид. Овие се поврзани под шеталиштето со 18 оргулски цевки во самата скулптура. Навлегувањето на морската вода за време на плима, го притиска воздухот и предизвикува оргулските цевки да прават звук. Најдобро време да се слушне Плимската оргула е два до три часа пред и после плимата. На многу смирени денови оргулата е тивка на моменти на нејзиниот циклус. Тонската висина на цевките се засновани на хармоничната низа на Ха-дур.

Плимската оргула е една од мала група музички инструменти кои функционираат без понатамошна интервенција на човекот, меѓу кои најистакнати се еолската харфа и ветерните камбанки

Наводи

Надворешни врски

Големото шоу на шеталиштето Поглед од 360 степени на оргулата од страна на Уметничкиот совет на Обединетото Кралство

Категорија:Оргули Категорија:Плима и осека