Града — археолошко наоѓалиште во штипското село Црешка. Претставува средновековна некропола. На 300 м од селото во правецот на месноста Полиса има заоблен гребен што се впушта кон суводолицата и старите гробишта. Овде, со ерозијата на земјата се откриени гробови со конструкции од монолитни плочи, со насоченост исток-запад.
Поврзано Исар - Чрешче — доцноантички опидум и средновековно градиште со некропола; Полиса — некропола — тумули од железното време и средновековна црква со некропола; Турски Гробишта — тумул од железното време; Црешка; Список на археолошки наоѓалишта во Штипско; Список на средновековни некрополи во Македонија.
Наводи
Категорија:Црешка