мини|десно|250п|Бак во Етнолошкиот музеј во Берлин мини|десно|200п|Конфуцијански обред во Сонгјунгван Бак (хангул: 박; ханча: 拍) — дрвен ударен инструмент којшто се користи во корејската дворска и обредна музика. Свирачот на бак се нарекува „чипбак“ и има улога на диригент или музички надзорник на свирачката група. Бакот произведува ударен звук којшто означува почеток на музиката.

Изработка Бакот се изработува од 6 рамни дрвени табли коишто се со големини од околу 34 см х 7 см. Таблите се врзуваат заедно на едниот крај со жица или со врвца за да добие облик на ладало откако ќе се отвори.

Значење Џипбаците го користат бакот за да ја предводат групата на ист начин како што диригентот ја користи палката. Бакот испушта звук со три удари кога музиката започнува и завршува, а исто така и кога се случуваат значителни промени.

Поврзано Традиционални корејски музички инструменти Корејска дворска музика

Наводи

Надворешни врски Звуци од бак

Категорија:Музички инструменти Категорија:Ударни инструменти