Чауш, чавуш или чаус (од / , „гласник“), арапски 'shawish, شاويش'https://www.almaany.com/ar/dict/ar-ar/%D8%B4%D8%A7%D9%88%D9%8A%D8%B4/, (од старотуркиски chabush или chawush, „личност која дава наредба“) — османлиска титула која се користела за две посебни војнички професии кои се разликувале според рангот на офицерот во Отоманското Царство. Чаушот имал ранг веднаш под агата и кетудата, а исто така терминот се користел и за членовите на специјализираната единица чауши која се состоела од комбинирана коњаница и пешадија што служиле на Царскиот совет (како во Отомански Египет).
Чаушбашијата бил еден вид асистент (или заменик) на големиот везир, и се занимавал со безбедносни прашања, ги придружувал амбасадорите при нивната посета на везирот и исто така ги разгледувал петициите доставени до Советот, имал право да ги води состаноците на советот, кога големиот везир не бил присутен.
Наводи
Извори
Надворешни врски
Категорија:Турски титули Категорија:Турцизми Категорија:Отомански титули Категорија:Отомански воени чинови Категорија:Турски воени чинови