Основно училиште „Св. Кирил и Методиј“ (официјално: Основно општинско училиште „Свети Кирил и Методиј“ - Кучевиште; скратено: ООУ „Св. Кирил и Методиј“) — централно основно училиште во селото Кучевиште, Општина Чучер-Сандево.
Училиштето е именувано по словенските просветители Свети Кирил и Методиј.
Местоположба
Училиштето се наоѓа во средишниот дел на селото Кучевиште.
Опременост
Училиштата располага со 8 училници, вклучувајќи и спортска сала. Поседува и надворешно игралиште за мал фудбал.
Подрачни училишта
Во составот на училиштето влегува следново подрачно училиште: ПУ „Св. Кирил и Методиј“ - Побожје, подрачно училиште на македонски наставен јазик.
Наводи
Категорија:Основни училишта во Општина Чучер-Сандево Категорија:Кучевиште Кучевиште Категорија:Основни училишта во Македонија