Основно училиште „Свети Кирил и Методиј“ (официјално: Основно општинско училиште „Свети Кирил и Методиј“ - Свети Николе; скратено: ООУ „Свети Кирил и Методиј“) — централно основно училиште во градот Свети Николе, Општина Свети Николе.

Училиштето е именувано по словенските просветители Свети Кирил и Методиј.

Местоположба

Училиштето е сместено во средишното градско подрачје во Свети Николе. Училиштето е од развиен тип и во него се образуваат ученици од I до IX одделение.

Во сопственост на училиштето е и спортската сала „Цар Самоил“, во која се реализираат часовите по физичко образование од основното и средното училиште и од разни спортски клубови.

Историја

Според архивските податоци училиштето започнува со работа во далечната 1969 година во сега постоечката училишна зграда во која учеа ученици од петто до осмо одделение.

На ден 29 јуни 1973 година единственото основно училиште во градот со одлука бр. 02-1071/14 на Собранието на Општина Свети Николе било поделено на две училишта што го означувале почетокот на работата на ООУ „Кирил и Методиј“ со статус на самостојно училиште. Училиштето стартувало со 27 паралелки од кои 12 паралелки во одделенска настава и 13 паралелки во предметна настава и две групи ученици во предшколско образование (забавиште). Вкупниот број на ученици во учебната 1973/74 г. изнесувало 784. Во тој период како подрачни училишта гравитирале и училиштата во селата: Долно Ѓуѓанци, Павлешенци и Стањевци со вкупно пет комбинирани паралелки од прво до четврто одделение.

Познати личности кои учеле во ова училиште Кирил Лазаров Филип Лазаров

Подрачни училишта

Во составот на училиштето влегува следново подрачно училишт: ПУ „Св. Кирил и Методиј“ - Долно Ѓуѓанци, подрачно петгодишно училиште на македонски наставен јазик.

Наводи

Категорија:Основни училишта во Општина Свети Николе Категорија:Основни училишта во Свети Николе Свети Николе Категорија:Основни училишта во Македонија